бев (гл.) - слика (имн.)

Влегов во мојата соба и ја пронајдов книгата на која беше сликата на мајка ми, заедно со сликите на другите загинати во земјотресот и не знам по кој пат си плачев со неа на градите... мајко, мајчице моја, кој може тоа друг да ми биде...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во Варшава, држејќи картон со моето испишано презиме, ме дочекаа девојка и младич, асистент од славистичкиот оддел при Полската академија на науките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Првата карта ми беше слика, извлеков уште една слика - дваесет.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На ред бев јас. Дланките ми се испотија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Оној е Украинец. Има козачки мустаќи – русокосиот, жилав и нервозен тип беше слика на правнукот на Тарас Буљба во сив, старомоден костум.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Си стокмил четиринаесет“, рече Љупчо, „ама триесет и едно е појако од четиринаесет, да знаеш.“ Дејко молчеше и само нишна со глава.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)