бев (гл.) - случај (имн.)

Постапката пред првостепениот [основен] суд мора да се заврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на тужбата, додека второстепениот [апелационен] суд е должен да донесе одлука по жалба поднесена против првостепената одлука во рок од 30 дена од денот на приемот на жалбата, односно во рок од два месеца –  доколку пред второстепениот суд се одржала расправа (чл. 405, ЗПП). 3) во доменот на т.н. квалификувано „договорно застапување“ пред суд, дадена е можност работникот да не мора да биде застапуван од страна на адвокат, што е значителна олеснителна околност, знаејќи ги високите цени согласно фамозната Адвокатска тарифа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кај овој атипичен договор, кој се очекува да се применува за директорските функции кај работодавачот, зачудува оставената законска можност за поинакво регулирање на меѓусебните права и обврски, меѓу другото и во делот на плаќањето, што остава простор за неоправдано привилегирана позиција на менаџерите во однос на другите вработени во истото трговско друштво – како, на пример, преку делењето превисоки „бонуси“, дури и во услови на загуба и лошо менаџирање што, впрочем, беше случај и во високоразвиените западни земји за време на последната Светска економска криза (2008-2010).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, работникот, како полномошник, може да го застапува лице 16.  А т.н. париционен рок, за доброволно извршување на судската пресуда, со којашто се наложува извршување на одредено чинење [активно дејствие] и понатаму остана осум дена (чл. 408, ЗПП/05) – што, сепак, е помал рок од вообичаениот, којшто кај општата парнична постапка изнесува минимум 15 дена. 29 дипломиран правник кое е во работен однос во синдикатот чиј член е работникот или, пак, во сојузот на синдикатите во кој е здружен неговиот синдикат (чл. 406, ЗПП). 4) воведена е прецизна одредба за одредување на т.н. привреме- ни мерки за обезбедување, 17 што дотогаш не беше случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работоводниот орган [менаџер], правата и обврските од работен однос, за времето додека е именуван, односно избран на таа должност, ги остварува кај работодавачот кај кого е именуван, односно избран – според одредбите на овој закон и друг закон, колективен договор и договорот за вработување (чл. 55, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наводно, климата каде што живееја не им беше поволна, па не можеле да се размножуваат, да работат и да си постојат како што беше случајот со нас, обичните луѓе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Погледнувам на часовникот и воочувам дека е 14:00, а не 10:30 каков што беше случајот претходниот ден.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Знаеше неколку сури од Куранот наизуст, коишто можеше да ги открие според ракописот, но сега тоа не беше случај, зашто книгите навистина не беа свети.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа, се разбира, не беше случај со другите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Глупости! Глупости! Зарем смее во вакви случаи и да се помислува на тоа дали иследникот смее да си ја искористи раката за обично почешување додека смислува со кое прашање да го започне овој ноќен ден?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но сигурно не за да си помогне да се присети што треба да стори и кои беа случаите што треба да се дообјаснат?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Она истото. Како и вчера – неочекувано ми се обраќа инспектрот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа не беше случај на “или/или”, туку проширување на можностите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но, тоа со Томо не беше случај. Неговата течна одмереност во секој искажан збор проследен со лирски елементи, шареноликоста на темите со кои беше силен, кај Јана уште истата вечер оставија впечаток на високоинтелигентна личност, на кого книгата не му е непозната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ова не беше случај со Јана која никако не можеше да го оттуѓи овој имот .
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А ако некоја, како што тоа беше случај со неговата сосетка и соученичка Видуша, му предложеше да прошетаат, тоа го правеа далеку од селото и од очите на луѓето.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И Татко го чувствуваше ненаметливиот притисок на Мајка и децата да заврши тајниот пакт со Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше повеќе во Западот на своите идеи отколку во реалноста на Истокот, на цариградската судбина, која не ја сметаше како своја како што беше случајот со самиот вујко Али Фети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така, тој истражуваше по животите и делата на прославени албански интелектуалци, лингвисти, книжевници, државници, војсководци и многу други со двојна судбина, а најизразит беше случајот на Сами Фрашери, потоа Фаик-беј Коница, Васо-паша Шкодрани, Јероним де Рада, но и прославениот последен египетски фараон Мехмет Али, победникот над Наполеон Бонапарта во борбите за заземање на Египет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега таков беше случајот со романот на Флобер Бувар и Пекуше!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Појде кон Татковата библиотека на нова серија турцизми кои се однесуваат на човекот (телото, роднинската терминологија), според претходниот договор, којшто според двајцата требаше да се испочитува до крајот кој полека и се ближеше, ако не дојдеше до неочекувано запирање на некои зборови со посебно значење, како што беше случајот со турцизмот фиљан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа беше случај: босите стапалки се лизнаа по меката кал.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше природно да постои со нив природна, судбинска солидарност. Но тоа не беше случај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се чувствував виновен поради мојата немоќ да повлијаам преку малата земја која ја претставував, земјата од која потекнував имаше слична судбина на палестинската, во однос на распарченоста во повеќе земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„ Успеав да се сетам на еден случај... ако воопшто беше случај.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Впрочем, како што тоа беше случај и во останатите европски земји во кои на власт беа комунистичките партии.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Така, работникот, како полномошник, може да го застапува лице дипломиран правник кое е во работен однос во синдикатот чиј член е работникот или, пак, во сојузот на синдикатите во кој е здружен неговиот синди- кат (чл. 406). 4) воведена е прецизна одредба за одредување на т.н. привремени мерки за обезбедување, 6 што дотогаш не беше случај.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ниту со рогациите на овој закон, ниту со рогациите на претходниот ЗРО (1993) не се интервенираше во областа на надоместокот на штета – што е една од ретките области кадешто немаше тектонски поместување, како што беше случајот кај некои други проблематични прашања.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
е) договор за вработување деловни лица (т.н. менаџерски договор – чл. 54, ЗРО/05) – кај овој посебен договор, кој се очекува да се применува за т.н. работоводни органи, односно за директорските функции кај работодавачот, зачудува оставената законска можност за поинакво регулирање на меѓусебните права и обврски, меѓу другото и во делот на плаќањето, што остава простор за неоправдано привилегирана позиција на менаџерите во однос на другите вработени во истото трговско друштво – како, на пример, преку делењето превисоки „бонуси“ дури и во услови на загуба и лошо менаџирање, што, впрочем, беше случај и во високоразвиените западни земји за време на последната светска економска криза;
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На Татко му стануваше јасно дека не постои друго суштество чиј кружен циклус на животот се одвиваше на толку голем простор на планетата, како што беше случај со јагулата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За среќа, на страниците на Луан Старова, не е изгубена сета надеж, и животинската раса е овде, како што тоа беше случај во Времето на козите, за да го врати залутаниот човек на вистинскиот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дали тој, тажно простувајќи се од едно свое дете (кога би ги имал повеќе, кога воопшто би ги имал, што кај Казанцакис не беше случај), би рекол: „Тоа е доста од плодовите на моите бедра”?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа беше случајот во 1921 година, за време на интелектуалниот процес, покренат против Барес (Barrès).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Меѓутоа, тоа не беше случај, далеку од тоа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Може да се сокрие силна чувствителност, како што тоа беше случај кај Ерих фон Штрохајм, или едноставно песимизам, како кај Алфред Хичкок.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така, Симан, којшто е добар познавач на делото на Бојс, направил изложба низ која до­ми­нира продукцијата на цртежи и инсталации од скулптурален карактер, како што беше случај со оној негов комплет канцелариски мебел и бакарни прачки, “Ground”, претставен во 1981 година на изложбата “Арт, Германија денес”, или пак, напластувањето со филцани покривки наречено “Fonds VII”, кое влегува во колекцијата на националниот Музеј за модерна уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сево ова дава можност да се претстави еден ваков значителен број на вредни предмети кои го откриваат патот на творештвото на авторот од повоениот период сѐ до 1986 година, без воопшто да се добие впечаток на неред или прекумерност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Спонтано, можеби ќе ви се случи “Стела” да ја набљудувате како минималистичко уметничко остварување, блиско до Карл Андре и Боб Морис.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите луѓе, како што беше случајот со Ескимите, стојат пред нас со подадени раце очекувајќи да им го врачиме благословот од волшебникот Желбоноско!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тоа беше случај и со нивниот став за мојата врска со Филип па и со моето признание дека се заљубив во помлад човек.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)