бев (гл.) - трн (имн.)

Метакот беше трн во око и на младите црвени буржујчиња кои глумеа бунтовност, а живееја во станови од 120 квадрати.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Пред него беше трн со широки лисја, сосем прилепени до земјата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само Јован Ѓуров му беше трн во очите и на Колобана, и на Ристета, бидејќи, во младите години на Бојана, се замеша малку во нивниот живот, ама ете и од него, даде господ се куртулисаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што е срцево што немилосредно боцка? Да беа трње досега и душава ќе ја распараа.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
А таму јасно и нагласено стои дека минатата вечер изјавив оти ќерката на Ѓурчин ја имам видено повеќепати и дека единствената намера што сум можел да ја имам при тие случајни средби веројатно била желбата да ги откријам сличностите помеѓу нас двајцата: помеѓу неа и мене, се разбира, во колку постои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но сепак, дали навистина се било токму така?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Барем да беа трње што убаво ќе ги сеќаваат чекорите на иследникот кој се труди да ме следи!) Но еве, од некаде почна да надоаѓа светлина и да го разголува сеќавањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во партијата најмногу ги чудеше и ги загрижуваше дружењето и пријателството на Чанга со татко ми. Тоа им беше трн в око.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)