Почнав да позајмувам книги и од некои ученици што учеа во градовите и ќе се чудите ако ви речам дека во тоа време, кога бев учениче од второ или трето одделение во нашето селско училиште, јас веќе знаев за Робинзон Крусо, знаев за Али Баба и четириесет разбојници, за Синдбад морепловецот, за Црнецот чичо Том и ред други наслови и јунаци од книги.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Кога ќе видам фрлен леб, се сеќавам на нашите тешки години во војната, а и во годините по неа, кога јас бев ученик и кога најголема и најтрајна желба ми беше да се најадам леб, обичен, црн.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„9-та, ние мојот пријател и јас, бевме ученици на III⁷ на гимназијата „Орце Николов“.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)