бев (гл.) - факт (имн.)

Она што го импресионираше Винстон и сега, кога се сеќаваше на тоа, беше фактот дека говорникот се префрли од една линија на друга практично сред реченица, и тоа не само без пауза, туку и без менување на конструкцијата на реченицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па сепак, беше факт дека ако Сајм ја насетеше, макар и за три секунди, природата на неговите, Винстоновите тајни мисли, ќе го издадеше веднаш на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Другарот Огилви, незамислив пред еден час, сега беше факт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако постоеше нешто постојано и длабоко што ќе го одржува балканското пријателство помеѓу Татко и Климент Камилски, тоа беше фактот што во нивните односи, најмногу поврзани со книгите од нивните библиотеки, секој си остануваше само свој и во најжестоките расправии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Она што пред сè беше изненадувачко во тоа писмо беше фактот што испраќачот, Monty Cantsin, и мене самиот во писмото ме ословуваше со истото име.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Она што вистински го изненади беше фактот дека дворот му е пак послан со кучешки измет, скоро колку и вчера.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вчудоневидувачки беше фактот дека во селото нема деца па ни помлади луѓе. Селото како да беше на умирање.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но тоа што најмногу го вадеше Ренди од такт беше фактот дека Дејв сакаше да чита.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но најстрашното за нас, малите деца, беше фактот што чудовиштето-граница се криело длабоко во езерската вода и никогаш никој не го видел.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Она што ги негираше сите правила а мене посебно ме возбудуваше беше фактот дека јас бев единствениот кој можеше да ги види.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)