Одеа порано на пазар во Прилеп и Битола и ги гледаа голите и боси чифчии како жнијат, вршат, ораат, копаат по беговските чифлизи, а овие со грбачот по нив маваа и не им даваа душата да си ја соберат. He еднаш беа сведоци на страшни глетки по Новаци, Суводол, Шелеверци, Ерековци, Канатларци, Букри, Егри и другите полски села што беа чифлизи, кога бегот тепаше некого од своите чифчии, па дурии на такви, кога на сретсело на некоја врба или јасика висеше обесен некој младинец или старец што се противставил да ја исполни беговската волја.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кадијата и беговите да си направат овде – на земјата – рај, а сејмените – да си го осигураат него на оној свет, кога веќе овдешниот беше зафатен од посилните та немаше место за нив. Co вакви пеколни мисли колоната го помина селото Штавица, кое одамна беше чифлиг на Сефедин-бег и излезе на високиот рид Слива, од каде што се прогледа мариовската котлина обрастена со честа борова, букова и дабова гора.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Градена е 1875 година и за неа дедо раскажуваше: - Тогаш, во турско, кога нашето село беше чифлик, почнаа да ни доаѓаат де попови од Бугарија, де попови од Грција.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)