А кога те сретнав, беше и повеќе од она што беше пред тоа беше љубов кога љубовта ми требаше. беше сон кога заспивав, среќа кога мојата се гаснеше...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Јас знам дека тоа беше љубов за која требаше да се живее, но наспроти сѐ јас умирав преповторувајќи го секој твој збор, умирав препрочитувајќи го секое твое писмо, умирав додека ги диплев алиштата кои заедно ги купувавме, умирав со проѕевките во ноќните бдеења, умирав без да знам дека умирам, а сега умирам додека те гледам пред мене со сето твое отсуство и се прашувам од кога е тоа така, зошто е тоа така?“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Затоа што ова беше љубов, а телото му беше само орудие, само начин да ја сака.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Оваа беше љубов! Ма, знаев што ќе му се случи.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Му дадов збор за довечер.. Не може повеќе: го изеде жив срам од луѓето.. за мене... на сета негова добрина...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Толку ли беше љубовта наша? Толку ли ме сакаш, а?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
- Не разбирав; ни за мене не беше љубов она што стануваше помеѓу Кузмана и слугинката на инспекторот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Работните часови Макс ги минуваше во дрводелскиот оддел на Гнездо, а Добрата Душичка во шивачкиот, и на нивните средби за време на прошетките во паркот, таа ќе извадеше некакво марамче, некакво крпче, некаква престилка, што ги имаше скриено меѓу градникот и срцето, а тој ѝ подаваше коњче, цвет или ангелче, направени од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нивната љубов, а тоа не беше љубов, затоа што љубов е само она кое вљубените ќе го наречат така, а Добрата Душичка и Макс не го нарекуваа никако она што беше меѓу нив; тоа беше како да чуваа од згаснување некој тивок оган на кој се грее душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Целиот мој живот одеа една покрај друга, љубовта и болката; најсилно ме болеше омразата на мајка ми, и никој не ме сакаше како што ме сакаше таа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На почетокот од мојот живот беше љубовта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На почетокот од мојот живот беа љубовта и болката, и сѐ до крајот одеа заедно, како еден мелем и една рана, а понекогаш, и тој мелем се претвораше во отров кој уште повеќе ја подлутуваше раната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На почетокот од мојот живот беше љубовта, беше погледот на мојата мајка, беше нејзината рака на моето чело, беше нејзината грижа за моето здравје.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нешто како топол ветер кој се појавува да згрее тогаш кога во животот најмногу студи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во часовите на работ од бессознанието, кога високата температура правеше само одвреме навреме да се освестувам, во таа полусвесност можев да ја видам мама, нејзиниот поглед во кој беше стрепетот за мојот живот, нејзините раце кои ми редеа ладни крпи на челото, кои ги соблекуваа од мене испотените алиштенца и ми облекуваа нови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Да, и тоа беше љубов, голема љубов...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А зар сето тоа што се случуваше меѓу нив, во изминатите години, со родените и со спасените деца, но и со тие што не преживеаја, не беше љубов? Сигурно беше љубов.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)