Прекина за час дробејќи ја цигарата во грлото на своето луле; беше бавен и со полно отсуство на духот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Навистина, чекорот му беше бавен и тежок, но сигурен, и тој се движеше во еден утврден правец. Одеше право низ шумата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ја разбудија в зори и таа отиде накај прозорецот, ги истера со викање, а тие хистерично врескаа зашто нивните млади гавранчиња беа бавни при полетувањето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Со нашата сегашна национална преродба ние им се спротивставуваме на другите православни Словени, како што се спротивставивме и понапред: тогаш бевме први во духовната преродба што кај нас беше бавна, а кај нив брза, сега наопаку: тогаш тие нас сакаа да нѐ достигнат и работеа со извесна тенденција и брзина, сега наопаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)