Длабоко во себе бев уверена дека ТАА беше виновна за сѐ.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Додуша тој не беше виновен за ништо туку само удираше штембили по наредба на дедо му, но затоа мораше да сведочи и на суд.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Што се случуваше со него? Дали за тоа беше виновен јужниот ветер, дали за тоа беа причина спласнатата напнатост и надежта за брзо ослободување од заточеништвото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Продолжената жешка магија, што им помогна на бавчите, ги направи кокошките безволни и тромави” Без никаква претпазливост Милан, на сите што беа на масата, им кажа дека за намалената репродукција на јајцата делумно беа виновни петлите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Беше прост, глупав, нервозен; целиот свет му беше виновен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„А за се бев виновна самата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Да имав малку повеќе храброст и да ги чував подотворени очите, мислам оти и вистински ќе ги видев криковите на птиците што ги спомнав, а и тоа приближување кон небото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Зошто да се тепаме? Јас тогаш не бев виновен.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Нека ти се живи, се збуни селанецот како да беше виновен за пресечените прсти на работникот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Кога излезе од собата, со сосема суви очи, уште цел еден ден не им прозбори, како тие да беа виновни за сè.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Господи севишен, ти ли ни внуши да бидеме судии со твое име на уста од која се испарила ракијата што кришум еден од друг ја пиеме?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сите бевме виновни: и оние што го бесеа несреќникот, и ние другите што не го избавивме од умирање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа постојано нешто му преправаше, сѐ нешто ѝ фалеше, а за сѐ беа виновни другите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Зар беше виновна што ги подаде рацете и се предаде за најсветото нешто што ги поврзува луѓето. Зар на љубовта сите не ѝ се поклонуваат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Дали него што не беше виновен, или мене што бев виновна.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Низ модрите прсти се цедеше бавна и темна крв. „Јас бев виновен“, и рече. „Можев да спречам.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но тој замина стеснето, кревајќи ги рамениците како самиот да беше виновен, а мене ми беше мило што не го изгубив воздржаното сожалување.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Но, имаше времиња кога згаснуваше нејзината ѕвезда.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Овој клучен парадокс генерираше други, непредвидливи, со кои требаше да се живее животот, да се совладуваат противречностите кои најчесто ги следеа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Раиз, знаеше дека поради тоа беше виновен алчниот фикус.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Секоја генерација беше во извесна смисла повторувач во балканската историја, осудена сизифовски на нов почеток, постојано со атавистичкото прашање кој беше виновен!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Џонс, Аронсон и Радерфорд беа виновни за делата за кои беа обвинети.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Рака на срце, сите на свој начин бевме виновни за таквата ситуација.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Хелвиг, овие изминати месеци, сакаше да се убеди себеси дека за сѐ што се случи, за заминувањето на Марија со детето, беше виновна и таа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Не стануваа веќе рано и не гледаа на работата со таква волја како порано; добитокот не го војвеа, ниту се грижеа многу за него, туку, како тој да им беше виновен: го тепаа, го колеа, го јадеа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Не бев виновен“, повтори човекот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Зошто?“ ја праша црната дупка на ножот. „Јас не бев виновен“.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Одевме намуртени, небаре сите бевме виновни за несреќата...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Колку беше виновен татко ти што не ја трубеше оваа вистина на сет глас и во вистинско време?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Зошто премолча еден таков настан?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А знаев, бев сигурна дека не се во прашање оние ситни пари.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мислеше: ако сѐ уште го најде жив дедо му Тренко, ќе го задави: зашто дедо му беше виновен за сето она што му се случи на Тасета.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Уште на заминувањето за Франција, Тасе Шаин сакаше да си ја земе фамилијата со себе и да се пресели да живее таму.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Дали за тоа беше виновен Х.Х. со своето агресивно присуство или провокаторите?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сам си бев виновен за својата несреќа.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„Другарите тоа го сметаат за опасно“, ми вели тој мене, на што веќе немам што да приговорам. Очигледно бев виновен.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Прво и основно не отидов во Лондон, а второ, без врска беше што така неразумно завршив без работа, за што самата си бев виновна.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)