Беше воено лице со висок чин, па сметаше на веродостојноста на неговите информации.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Најдобриот начин стопанството одново да се поттикне досега беше воената индустрија и употребата на нејзините производи.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но кога заминуваше татко ми, тоа беа воени, неизвесни времиња.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но досега не беше се соочил со ваков жесток отпор ниту во војната кога беше воен комесар, ниту во слободата како прв човек во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нови јаничари, без око да им трепне, беа воените пилоти, кои како да фрлаа играчки, со кастрирана совест, кои фрлија атомски бомби врз Нагасаки и Хирошима од кои загинаа само за неколку минути стотици илјади луѓе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)