Толку многу беше вознемирен што се случуваше нешто што не можеше ниту да си го претпостави: Камилски како да се подготвуваше да ја одбие единствената можност да го запре губењето на видот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И К.К. беше вознемирен, но не смееше да интервенира пред својот претпоставен А.А.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Често така наутро ја довикував. Го правев тоа и во С., кога бев вознемирен. Агна, ќе ѝ речев, спиеш ли?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Повторно испушти еден од оние крикови во кои имаше значење, од кои Милан сфати дека мачорот беше вознемирен заедно со него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тие двајцата просто се засакаа и беа вознемирени ако не беа заедно.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кучето сè уште лаеше, добитокот беше вознемирен на ист начин, но од страната каде што Бојан стражареше не се случуваше ништо.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Дури и во полиција се јавуваше да прашува дали се случила некоја сообраќајка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- И јас тебе, малечка моја будалетинко – ме бакна тој уште еднаш, и додаде: - Оди сега кај тато, пред да си легнеш и смири го малку, многу беше вознемирен.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Таму беше вознемирениот Хелвиг.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Оние зад него стоеја не поместувајќи се, но беа вознемирени од нестрпливост.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Здивнав. Навистина бев вознемирен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зар не се сложуваш со мене? - изгледа Катерина го прашуваше Непознатиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И покрај грдите зборови на Јана неговата Катерина како да не беше вознемирена. – Само напати ми се чини дека Јана е прилично безобѕирна.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Забележав дека воопшто не бев вознемирен кога открив дека по нашиот грабеж столовите пред спомнатата кафеана ја доживеаја тажната судбина на заточеници врзани со долг синџир што дежурниот келнер некаде по полноќ го спротнуваше од потпирка до потпирка и најпосле двата краја ќе ги составеше за да ги заклучи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Оние зад него стоеја не поместувајќи се, но беа вознемирени од нетрпеливост.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Чудно, но Јосиф не беше вознемирен.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во градот беа вознемирени. Не можеше ништо да се преземе без инструкции.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мајка ми и ние децата бевме вознемирени и поради изгубениот татков спокој.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој видливо беше вознемирен. Тоа Јагулчета внтрешно го храбреше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)