бев (гл.) - горд (прид.)

Порано бевме горди на јунаците од илинденско востание и на носителите на партизанска споменица, а денес ќе бидеме горди на скопската шмизла, која стана парадигма на нашето секојдневие.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Климент Камилски беше горд што ја имаше во својата библиотека книгата на Франц Миклошич, Die turkischen Elemente in den südosteuropäischen Sprachen, книга за турските елементи во грчкиот, албанскиот, романскиот, бугарскиот, српскиот, малорускиот, рускиот и полскиот јазик, објавена во Виена, во 1884 година. Toj ќе ја пронајде и книгата на Ѓорѓе Поповиќ, Турске и друге друге источанске речи у нашем језику, објавена во 1884 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Моторџијата беше горд на силата на својот мотор, но уште повеќе на „товарот“ што го носеше зад себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Полковникот Саво, кој веќе неколку години беше во пензија, беше горд на својот син.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се напикавте во градовите - зајадливо говореше Светлана која беше горда на своето градско потекло.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Премногу бев горд на мојот Американизам Ох Господе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Петар беше малку возбуден, Томаица беше горда и насмеана.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше горд и ми ги даде како подарок за мене. Ги подготвив и јадевме со сласт.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Сребрен е, знаев дека ќе ти се допадне! – бев горда и пресреќна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мора да е многу скап – додаде мајка ми. – Па, колку е нежно изработен, како филигран – се воодушевуваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше роден за да биде тој и беше горд со себеси таков.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сепак длабоко во душата бев горд што ќе разговара со мене додека сите мои врсници од улицата ѝ праќаа кришум љубопитни погледи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Меѓутоа, иако нацизмот беше горд на своите индустриски достигнувања, неговиот модернизам лежеше само на површината на една идеологија темелена на крвта и тлото (Блут унд Боден).
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ме нарече „убиец“. Колку бев горд поради тоа!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Беше горда што синот веќе го знаеше англискиот јазик, што подоцна живот ќе го чини!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Помислив на Бодлеровите Албатроси кои немоќни на земјата со тешките крилја беа горди принцеви на небеската шир.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)