Народот нив ги знаеше: и двајцата му беа десна рака на бегот: и двајцата од тетовската вакуфија: постариот, Хаџи Кемал, син на Абдула, а другиот, помлад, церибашата Мехмед Јусуф.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сега тие им беа десна рака на мајстор Пајко и на самарџијата Димо, татко ѝ на Калија, кој се свитка како ластегарка откако Калија замина да се закалуѓери во кожленскиот манастир Свети Никола.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ние им бевме десна рака на мажите, дури машки работи сме работеле. Сестра ми Љубица ораше и овци пасеше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Животот во Прифатниот центар за Илона беше живот во еден посебен свет.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Илона сега е во Равена. Со својот Јирачек. Таа најверојатно е среќна. За многу работи ми беше десна рака.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)