Беа дојдени божем за да вршат маневри, а всушност ги прогонуваа нашите партизани и вршеа реквизиција на новоовршеното жито.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш Потковицата беше завојувана од фашистите. Фашистички војници и полицајци, заедно со нивните палатки имаше насекаде низ Потковицата, дури и на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ете тогаш, кога Потковицата беше завојувана од Србите, кога од страна на Началството постоеше заповед никој да не се добира до војниците, да не им прави услуги и да не прима услуги од нив, кога отворено се зборуваше дека божемните сојузници се полоши и од Туците и дека се токмат тие да ги заменат нив ( во Потковицата сеедно и сеедно пристигаа гласови од сите краишта на Македонија дека новите завојувачи ги прогонуваат и ги убиваат нашите учители и свештеници,дека ги ограбуваат и ги палат нашите села и светилишта) кога се изјаловија нивните надежи дека Македонија, по победата на Сојузниците над Турците, ќе добие своја автономија и ќе стане држава каква што станаа тие, Србија, Бугарија и Грција, кога сите беа обземени од очај дека ќе останат без татковина, при крајот на Првното србско, во летото 1915-та, се случи една од чупите Јанчески, Благуна Василичина, да се измами по еден од војниците сместени во поранешното училиште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Вака, споменот за неа и она што му се случи на Видана нејзин, во 1943-та, кога Потковицата беше завојувана од Бугарите, како мора ги притиска жителите на Потковицата, и застрашувачки ги опоменува момите - да не се лакомат по туѓинци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но, фала му на бога, сега, кога сме слободни, сето тоа е минато.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Беше тоа наредникот Десимир Пенезиќ, наочит и единствен тој од сите други војници неупреклив со жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Читателот бездруго се прашува што било во меѓувреме во Потковицата, што се случувало таму од времето кога таа беше завојувана од Турците, во доните деведесетти години на 14 век, па до доаѓањето на Мурад III, во раните деведесетти години на 16 век, во есента 1593 година?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И таа, жената негова, поправо тоа што се случи со неа во 1942-та, кога Потковицата повторно беше завојувана од Бугарите, го одреди сиот подоцнежен Тодев живот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)