бев (гл.) - задоволен (прид.)

Скромноста ги красеше, беа задоволни од малку.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Татко ми беше задоволен што бунарот не беше запретан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми беше задоволен од природниот и моќен ум на Чанга. Тој секогаш целеше кон битното.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Учителот беше задоволен што нема Мила и други кози да бидат заклани од ножот во раката на неблагодарниот човек...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не бев задоволен што доцнеше уште првиот ден.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сликата што Велветите ја имаа за себе како рокенрол група не ја вклучуваше и Нико - тие едноставно не сакаа да се претворат во нејзин придружен бенд, но, за иронијата да биде поголема, најдобрите песни што Лу некогааш ги напишал беа токму оние што ги направи за Нико - песните како „Femme Fatale” и „Ill Be Your Mirror” и „All Tomorrows Parties” - нејзиниот глас, зборови и звуци кои ги произведуваа Велветите, сето тоа беше магија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Албумот испадна феноменално, класика, иако никој не беше задоволен од него, посебно Нико.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се запознав со Драгана. Тој ја пакуваше својата слика за една брачна двојка Англичани, што ја откупиле за 200 франка. Драган, по сѐ изгледа беше задоволен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој беше задоволен со себе, зашто по еден убав и, како што му се чинеше, вешт начин, успеа да го направи првиот чекор кон делото што му го изискуваше неговата љубов.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Верскиот поглавар не беше задоволен од двосмислениот одговор.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Честопати, кога ќе беше задоволен од некој текст, ќе ме пречекаше со зборовите: Ова ти е, синко, ремек-дело.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога со тоа не беше задоволен тој се обиде да си поигра уметнички погребник.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Самиот тој не беше задоволен, сите негови предлози на најдобриот познавач на крими-романчиња во градот остануваа без одговор.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И таа беше задоволна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Заедно го однесоа кај Перо мајсторот, кој шиеше дома и на кого му беше Павле клиент уште пред ослободувањето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Вечно смуртен, тој никогаш и со ништо не беше задоволен. И како ништо друго да не знаеше, освен само да мрмори и да се кара.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не беше ни скап, ни евтин - средна рака. И двајцата беа задоволни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа, откако беше задоволен со чистењето, внимателно почна да ја испитува, фаќајќи одделни делови, поместувајќи ги оние што можеа да се помрднат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Грдан беше задоволен - и од домашното готвено, и од џепарлакот што му остануваше, а во сопчето и така беше навикнат да биде сам, како што уште се воздржуваше од пушење и од други скапи пороци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Милан формално беше глава на семејството, патријарх, но Кети беше неоспорно газдарица во куќата. Ѝ се чинеше дека сите предмети се свесни за ова, како да беа задоволни од тоа, па дури на некој начин, одразуваа еден дел од олицетворението на Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ги научи за три дни, и беше задоволен многу, оти писмото беше едноставно и специјално срочено за владетел.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А таа беше задоволна кога и нејзината партија беше задоволна и кога таа иста партија ќе ѝ кажеше дека треба да биде задоволна, затоа што на општо задоволство ја извршила партиската задача. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И сите бевме задоволни: Лествичникот пак Писмородец стана, престана да ме бие, логотетот се умири, и сите слова само едно значење добија, само една душа во секое сочинение се настани. И сите исто гледавме, и јас еднакво.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не оти сакав така, туку морав, оти знаев дека Писмородецот потем ќе ме повика во својата одаја, како што правеше често кога не беше задоволен од моето поведение, оти сакаше само на него да личам, а на себе – не.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но тоа беа само ретки мигови кои настапуваа кога Луција беше задоволна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Иследникот не беше задоволен од кусово објаснување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто да кријам, бев задоволен кога ми помогна да сфатам дека треба да постапувам според важечките правила што многу одамна се воведени за ваквите настани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рече дека ќе треба тој непријатен настан пошироко да го образложам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Побара да изнесам повеќе детали.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Постапив според нашиот договор од вчера - ми објасни во еден момент Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаше место во последната клупа и изгледа дека беше задоволен со тоа, зашто таму, во аголот, другите деца викаа, се префрлуваа преку клупите, се маваа со сунѓерот, ги влечеа девојчињата за прцлињата и изведуваа стотици други ѓаволштини, тој седеше стуткан во својот агол, отсутен, со мислите далеку од она што се случуваше околу него.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Бев задоволен, дури и изненаден од верноста на скулптурата, од новиот Јас. Јас со сите нишани, само без сенка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бев задоволен што, конечно, се ослободив од нив, и што не ќе им дадам возможност на цариниците да се посомневаат во мене и во мојата граѓанска и патриотска чесност.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бригадирот беше задоволен. - Ќе биде тоа еден добар лов, ако сум, го отчукал.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Младичот беше задоволен и често повторуваше дека ова ќе мора да им успее, му објаснуваше дека ги притиснале в ќорсокак луѓето од монополот, го извеле тоа многу добро, а за она му рече дека тој ќе мора да си однесе и нешто дома, таа пролет; тој веќе беше почнал да се подготвува за одење в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше задоволен што ја имаше понесено својата пушка и доста фишеци во пазуварката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зимата дуќанчето им работеше како саат и беа задоволни кога имаа што да им испратат на Мара и на Јовко, кој таа зима веќе беше почнат да оди на училиште.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го дигаше на раце и го враќаше назад и тогаш за едно извесно време и двајцата ќе беа задоволни и заздишени, а срнчето продолжуваше да го прогонува и да му ги лиже прстите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше задоволен што успеа да им го клоцне од под нозете барем за оваа утрина оној нивни задран начин на размислување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Длабоко во себе беше задоволен од исходот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И двајцата беа задоволни од животот без ограничувања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Долгиот беше задоволен со себеси што така бргу се приближи до својата бисерна школка но, беше и свесен, дека ќе мора повеќепати да нурнува во длабочините.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Причина за тоа, главно, имаше две: и едните и другите беа задоволни што работат за свои, христијански, газди, и - втората - што газдите беа такви, добри, и не ги тормозеа: во сè, во сите работи им веруваа, како тие ќе им ги прикажеа така беа и прифаќани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Речиси во секое семејство ширум низ Османското Царство постоел различен начин на подготвување на овој плод.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тој не беше задоволен од можните синоними, верувајќи дека тој секогаш крие и нешто друго, со тешко дофатливо целосно значење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше задоволен од ова ерудитско објаснување на потеклото и распространувањето на модриот патлиџан и затоа предложи тој да заземе важно место во нивната листа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И во Архивот беше задоволен, ќе се најде во светот на документите, записите, ретките книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За да го долови подобро и подлабоко значењето на зборот инает, тој се обиде со помош на своите речници да го најде во превод во четириесетина јазици, но со ист корен го најде само во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека продолжуваше расправата за модриот патлиџан, Мајка и госпоѓа Камилски се доближија со две тепсии од кои се ослободуваше чудесна миризба на печено тесто со јајца и пилешко месо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие беа задоволни и што успеваа да ги откријат длабоките и жилави корени на стариот збор, влеани во корените на другите зборови, израснати заедно и најчесто одделиви од новото јазично ткиво.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски не беше задоволен од одговорот на Татко, кого, сепак, го сметаше за покомпетентен од себеси и продолжи: Бездруго не ја изуми Книгата на патувањата на знаменитиот патописец Евлија Челебија, кој трагаше по вистината на три континенти во XVII век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше задоволен што неговиот соговорник ја прифаќаше тезата за библиотеката која, всушност, во крајна линија, можеби како подвижно огледало ги поврзува блоковите во испрекинатото историско време на човекот на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не може да се рече дека Камилски беше задоволен од одговорот, но додека неговата сопруга ги послужуваше парчињата од петаникот, пита којашто беше од фамилијата на тикушот, но со разбирливо и предвидливо име, Татко се обидуваше да ја доразвие својата мисла: Пред малку ја разгледувавме судбината на зборот модар патлиџан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така беше и со зборот аир, којшто се надоврзуваше на веќе толкуваните турски заемки инаетt, севап и атtер, а на четирите збора Камилски предложи да го разгледаат и зборот к`сметt или касметt.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Играчите на балканскиот покер беа задоволни што најпосле го најдоа четвртиот партнер кој бездруго беше од нивниот ков.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само неговата балканска оставина содржи седум илјади страници во седум томови, на којашто ѝ посветил дваесет години од својот живот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Морам малку да се пофалам, се колнам, другарот Аритон Јаковлески, а не и само тој, сите членови, дури и самите иследници, беа задоволни од моите одговори, ме слушаа со отворена уста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Томаица беше задоволна од овој избор, бидејќи поседуваше во себе голем сензибилитет и креативна енергија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сите предмети ми одеа убаво. Многу беше задоволен кога ќе рецитирав.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Очигледно беше задоволен поради неколкуте долари што ќе му ги донесе тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таквата ситуација им беше интересна, во неа имаше нешто спонтано и секогаш неочекувано, од што двете беа задоволни.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да бев сигурна дека навистина не ми е мајка ќе ја земев со црнците и ќе беше задоволна. Ќе имаше и кур и пари.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Набргу нештата си легнаа и добија димензија на ретко взаемно разбирање и почит од што беа задоволни тројцата, и од “службената” работа, и од работата во креветот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во сето тоа неговите гестови повеќе зборуваа од неговите зборови и тој беше задоволен од таквата поставеност, бидејќи оние што беа крај него му обрнуваа особено внимание настојувајќи да разберат што сака да каже.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Вистина пак, откога стана баш-аза и работата со азите тргна на подобро, та само опак човек не ќе беше задоволен од тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Калето, во кое се наоѓаше неговиот сарај, чувано добро од сите страни, со заптии и железни порти, му го креваше и погледот повисоко од сите што живееја долу, во подкалето, од сите, па и од овој ибн Пајко: но тој не беше задоволен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ти, како и секогаш, иако знаев дека беше задоволен од тоа што го постигнуваат, многу ретко им признаваше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Управникот гледајќи го држењето на Богуле, беше задоволен, па и восхитен, што Богуле така машки, цврсто, храбро ја слуша оваа тешка вест за татка си.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Чана беше задоволна што Петра не ја стави да ја пее книгата, добро е што остана само на кажаното, инаку, ќе успееше ли да ѝ ја најде истата дира на мислата што ѝ ја кажа на Митра?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со ова решение, ни Танаил, ни Китан не беа задоволни. И двајцата поднесоа жалби.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не беа задоволни од мојот извештај, од поглавјето за јагулите, колку и да беше дискретно предочен, криеше некаква тајна, мистичност, излегуваше од партиските шеми на пролетерската наука.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко беше задоволен што разговорот се пренесуваше на јагулите, но уште не беше начисто за крајната цел на неговиот собеседник, макар што таа и можеше да се насети.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И самиот повеќе како автодидакт внесен во проучувањето на миграторните движења и рибите на Езерото беше задоволен што му се даде можноста за прв пат да го слушне научното толкување за патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Па сепак, бев задоволен бидејќи не само што сфатив туку и почувствував дека втасавме таму каде што веројатно бевме наумиле.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со сурлата земаше од водата, го полеваше слончето, а и самиот себеси, и очигледно беше задоволен.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На местото каде сеќавањето се прекинува, не ми се чини дека Мајсторот беше задоволен со себе.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ико еден дел од мене не беше задоволен од тоа како го живеам животот и имав некои неисполнети мои желби и посакувањеа, јас сепак имав во себе акумулирано резерви од минатото, односно од убавите моменти што ги имав поминато во Франција пред многу години, па тоа донекаде ме правеше попозитивна и пооптимистички расположена.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Х.Х. не беше задоволен од текот на разговорот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јоле не призна дека разбрал, ама премолче и учителот беше задоволен од него.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Беа задоволни од промената на местото и сега, како што секогаш кога ќе можеа одеа во рововите, доаѓаа овде над карпата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не беше задоволен. Го извади камчето од кутијата, ја испразни матарката и го спушти камчето во матарката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја зеде кутијата и кутрите двајца толку беа задоволни од ова што го сторија та збор не можеа да си речат од занеменост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Авторот беше задоволен. Беше уште позадоволен кога бргу потоа, едната од колешките, онаа од нејзината десна страна се сврте да го изгледа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот, засега, беше задоволен од тоа што Еда Бранов од Битола го виде со свои очи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо и понатаму беше задоволен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо беше задоволен од почетокот на својата мисија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А јас бев задоволен заради можноста да ја гледам сестра му Гала дома, во домашна облека...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Толку беше задоволен што во еден момент потсмевно си рече: Можеби во животот требаше да бидам шпион.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не знам дали им се брзаше или беа задоволни од одговорот дека одам на гости. Ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имав само многу кратки моменти на среќа и многу ретко бев задоволна од себе си.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)