Поголемиот дел од неа беше здодевна рутина, но вклучуваше исто така и толку тешки и замрсени задачи, што човек можеше да се загуби во нив како во длабочините на некој математички проблем - деликатни парчиња од фалсификат, во кои немаше од што друго да се раководи освен од познавањето на принципите на Ангсоцот и од сопствените претпоставки што е тоа што Партијата сака да го каже.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И затоа му беа здодевни.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
И на коњот му беа здодевни овие катадневни мерења на патиштата, но задоволство наоѓаше со стасување во селото: додека неговиот стопан им пишуваше на луѓето, тој спокојно си пасеше по лединките погалуван често од рацете на оние што чекаа ред кај Фончета, а повеќе пати нахрануван и со зоб од оние што сакаа Фонче да им напише што поубава тужба или жалба, или ако претходното судење се решило во нивна корист.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Многу јасен ми беше: мајка ми сфатила дека згрешила со мојот прстен, што не го ставила веднаш и ми ја уништила радоста на подарувањето, па ѝ било многу криво и жал, и седнала, го напишала сето тоа. Од збор до збор, цела вистина.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се викаше „Прстен” и, за чудо едно, воопшто не ми беше здодевен и неразбирлив како другите нејзини текстови.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Значењата, сакаше таа да каже преправајќи се, беа здодевни; единствено важна беше виртуозноста.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Многу работи не сфатив и на понекои места ми беше здодевна, искрено да ти речам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Мојот филм, за тебе беше здодевен и глуп, признај, - се насмеа таа. - Признавам, - олеснително ѝ одговорив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Почетокот беше здодевен.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Се вртев накај Влатко, Дејко и Љупчо, со поглед ги запрашував, ама сите креваа раменици.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Часот ми беше здодевен и долг.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)