бев (гл.) - искинат (прид.)

По улиците се зададе мало дете. Облеката му беше искината.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И сега, штом ги виде чорапите изгужвени, ѝ побара на Митра ножици и распара еден од чорапите до каде што беше искинат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повторно имаше бесни демонстрации, фигурите со ликот на Голдштајн беа спалувани, стотици постери на евразискиот војник беа искинати и фрлени во пламенот, а голем број продавници беа ограбени во безредието; тогаш се прошири глас дека шпиони управувааат со бомбите, со помош на радио бранови, и толпата ја запали куќата на една постара брачна двојка за која се сомневаше дека е од странско потекло, па двајцата умреа од задушување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едно беа искинати, а друго, подобро им беше да спијат врз сеното, во плевната на дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа веќе другарката Оливера Срезоска не можеше да го издржи, и така нервите ѝ беа искинати, за никаде.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)