Беа исклучени, размислував подоцна, од средбите со мене, сите мои блиски роднини по мајчина и таткова линија. И подобро за нив.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Според сознанијата на Шефот, не беше исклучена можноста, паралелно со работата од Солунското пристаниште до Прифатниот центар и ангажманот што го имаше со нас во секојдневните активности околу пласманот на жените на црно, вклучувајќи го тука и бизнисот со текстилните фабрики во Дренок, Пробиштип и Виница, Ниротакис да бил вработен и од другата страна на границата, во организиран канал за шверцување мигранти од Авганистан, Пакистан, Нигерија, Тунис, Мароко и Алжир.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Нашиот јужен сосед сака да не труе и на ваков начин,” се отвори пред мене Шефот, “тој канал мораме да го пресечеме.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тргнав по скалите надолу до тремот. Вратата од собата на Симона беше отворена и телевизорот беше исклучен.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Како да остануваше палестинската судбина, мое приватно прашање, бев исклучен засекогаш од официјалната надворешно политичка орбита на земјата...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да бев vox clamantis in deserto. Осамен глас во пустината. И бев.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од него беа исклучени само насилниците, манијаците и нимфоманките, како и оние кои неподвижно лежеа на креветите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„А зошто јас да не учествувам во карневалот?,“ се противеше Августина, минувајќи си со јазикот по усните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Седевме во иста соба а сепак безочно бев исклучен од нивната доверливост!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)