бев (гл.) - исплашен (прид.)

Тој не знаеше дали се плаши и одошто, дали се срами и зошто, само толку беше исплашен, цел се тресеше засрамен, цел зацрвенет како пиперка, иако дотогаш беше жолт како тиква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
РАЗГЛЕДНИЦИ ОД РАБОТ
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Џон беше заинтригиран од идејата и се согласи да се обиде, иако беше исплашен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сите ние бевме исплашени од „едноставно кажете не“ кампањата, но што вистински се случува со вашето тело и мозок кога земате дрога?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не се сеќавам дали тоа беа исплашени гласови, дали восхитени, дали без молитви, дали песни, дали ноќни шепотења, дали восклици, дали лелекања.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За потврдите Беше млада и многу убава. И скромна! А најмногу беше исплашена.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јастребот беше поитар од нив, крчмарот, жолтата бавна фигура зад срно тезге, покорно го служеше и беше исплашен од неговиот клин со пламени ноздри.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И ги одбрав нив, само затоа што бев исплашен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакаше да му истрча во пресрет, но толку беше исплашен од мајка му Марша, што остана и натаму во собата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но најголемиот дел од деструкциската уметност на жените го истражува проблемот на уништување на идентитетот и децентрирањето на Јас.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вадим почна да наликува повеќе на шумски дух отколку на научник, и најмногу се плашеше да не ги изгуби своите математички способности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И додека Холокаустот може да биде наш репрезентативен текст кој делумно е читлив низ технологијата на деструкција, тој текст сепак мора да се врати кон читањето на материјалниот универзум на телесната болка. R.D. Laing се сеќава на „едно малечко седумнаесетгодишно девојче во ментална болница“ којашто беше исплашена поради „атомската бомба во неа“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, колку и тоа да е чудно, најмногу од сите беше исплашена Ирина; таа лежеше во градината на трева и ги милуваше своите дебели бутини; стравот од лудило ја беше приковал за земја; но и во ужасот, таа покажуваше здрав разум: овој настан ги урна нејзините планови, и сега се плашеше и да помисли на тоа да го напушти Вадим; „кому би можела да му требам ваква“ - се матеше во нејзината нежна глава...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Очигледно, Сузан беше исплашена.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бев исплашен и пијан!... Бев уште целиот зашеметен!... Дупка пијан! Канализација!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не мириса баш на добро!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кај беше пак забутан?...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јастребот беше поитар од нив; крчмарот, жолтата бавна фигура зад црно тезге, покорно го служеше и беше исплашен од неговиот клун со пламен ноздри.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе деца, ужасно беа исплашени.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Богами бев исплашена за вашето здравје.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Трајанка излезе. Кога отиде кај Пецевите, тие веќе знаеја и беа исплашени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Не беше исплашен. Дури и радоста на неговата утринска игра како да беше сè уште жива во неговите очи“, објаснуваше тој.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А многу бев исплашена. Само да знаеш колку си ми потребен!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)