Таквиот кодиран материјал, иако тематски не е геј (ништо повеќе отколку што беше класичниот бродвејски мјузикл), повеќе е во согласност со потребите на геј-желбата, а често успева подобро да ја изрази таквата желба од геј-идентитетот и од неговите признаци.130
Тоа е и причината поради која денес геј-мажите, кои конечно имаат можност да гледат телевизиски серии за геј-мажи, за геј-животот и за геј-сексот, како што е Настран ли народ (Queer as Folk), масовно се многу повеќе за Сексот и градот и за Очајни домаќинки – токму како што на Д. А. Милер и натаму повеќе му се допаѓале Јужниот Пацифик или Циганка од La Cage aux Folles или Кирија. (Сигурно, тоа што Настран ли народ порано беше најморалистичната серија на телевизија, веројатно, не помогнало многу).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа може да биде вистина во индустриското минато, но во кибернетичките 90-ти, славниот поим на политичка “моќ” делува анахроно, извитоперено, бизарно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Метакот, пак, немаше скршен денар во џеб и беше класичен пролетер, а одењето во затвор само би му ги кренало акциите и би станал македонски Тупак, но знаеше дека Шајчевска блефира и си ги крева сопствените акции, а основ за тужба има толку колку што Обама е миротворец.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Јунските демонстрации од 1989 г. на плоштадот ТиенАнМен беа класично повторување на Чикаго 1968 и Кен Стеит 1970.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Одевме така, не знам колку, оти времето стоеше во таа светлина; брзината беше бесмислен поим во тој пејсаж, во таа атмосфера на гаснење; веќе одевме кон еден од последните свиоци, пред Велес; отприлика беше некаде околу седум или осум часот, и пред нас веќе се појави мостот, а веднаш зад него тунелот; тоа беше класичен железнички мост, со метална конструкција од левата и десната страна, како коридор што веднаш се влеваше во утробата на тунелот, во неговото темно устие; и, во тој момент Земанек зад мене рече: „Гледај“. „Онде, долу“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Моќта, рекол Мао, доаѓа од цевката на пиштолот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)