И навистина во моментот инаку и не можеше да биде кај народ кој спие петстотинигодишен сон, без национално и општочовечко сознание, каков беше македонскиот, односно мариовскиот селанец во крајот на XIX век.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И кога се појави првиот костурски партизански батаљон “Лазо Трповски” во кој и борците и јазикот и командите беа македонски, тој го напушти ЕЛАС и му се придружи на македонскиот партизански одред.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Наведната глава сабја не сече, беше македонската максима низ вековите.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
„Да се ликвидира по пат на терор?“ — паѓаа предлози.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)