Со ракописни, подвлечени букви, како наслов, беше напишано: Тешка повреда на авторското право Под насловот беше напишано името на Мирон Донски, на кој Татко му се обраќаше, во својство на директор на Државниот архив.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Житото скоро ќе биде зрело. Треба да размислиме кога да почне „жетвата“.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Доне го слече палтото и ја распара поставата. Однатре испадна бело тенко платно, на кое беше напишано писмото.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
На него, со крупен неформиран ракопис беше напишано: „Те сакам“ Неколку секунди беше толку изненаден што не се сети да го фрли обвинувачкото ливче во дупката на сеќавањето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Па сепак, откако внимателно запамети што беше напишано на него, неколку часови подоцна тој го фрли во дупката за сеќавање, заедно со еден куп друга хартија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А сепак, тоа што беше напишано на неговото лице можеби и не беше неисправност, туку едноставно интелигенција.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тука повеќепати беше напишано името на Транк Спироберг.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Остави само лист хартија. Нотна. Беа напишани некои ноти,но инспекторот Фиданчо Голомешев, кој инаку силно го љубеше фолклорот, покрај сета волја, не можеше да го протолкува.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Исчезна едниот актер во драмата. Сцените не беа напишани за монолог.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тој се чуваше во кутија на која со рака беше напишана шифрата „Меркур“.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ги потврдува дотолку повеќе, што оваа книга беше напишана пред да биде објавен материјалот на американските психијатри. 42 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сѐ беше напишано, само требаше долу да се стави потписот; беше оставена само една празна линија, и доволно беше човек само да го начкрта своето име, па да стане она „јас“ од почетокот на текстот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сакаше да ги знае сите тие работи, сакаше да знае сѐ, што беше напишано во оние тешки купишта книги во собата од младичот, а сакаше да го знае и она, што го кажуваа и другите, забранетите, кои младичот отпрво си ги криеше под креветот, а за кои после Змејко му изнајде едно скришно место во подот од своето сопче. Младичот не му кажа ништо веднаш.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Среде апарtтманот се наоѓаше еден телевизиски приемник кој беше активиран и одненадеж на екранот, со големи букви беше напишано едно име на кое не можам со сигурност да си спомнам дали беше Македонија или Монастир (и покрај моето незнаење знам дека е тоа старото име на Битола).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таа беше прекриена со една наметка, со сиво светла боја која ја покриваше од глава до петици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На насловот на предната картонска фасцикла, која беше доста дебела и подврзана со другата страна со јаженце, со големи букви беше напишано, со познатиот татков ракопис: Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но таа уште не беше напишана. Требаше некој да ја напише.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)