Големите илузии и вознеси на Татко му беа неопходни за да ги извршува големите, но и малите работи во животот, во семејството.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но соработката со управата (администрацијата, директорите, стечајните управници, а воедно и културните институции) беше неопходна.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Отспротива се наоѓаше една корпулентна девојка која имаше вишок килограми, но имаше и вишок од кеш кој на Трпе секако му беше неопходен за да опстане во гладијаторскиот смрад Скотје.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Наспроти здравата, практична логика на мајката која му беше неопходна да опстане низ најмачните искушенија, сега, по сите порази, татковиот дух беше оној под чија власт потпаѓаше.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тие не ќе беа неопходни ако принципите на семејството не ги побаруваа: и неефектни без соработка на другите.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Беше решен да се вгради во таквото расположение за денеска. Извесен обред беше неопходен.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таа ќе каже нешто, па двете малку ќе молчиме, па јас ќе ѝ одговорам, па пак пауза... и сè така, испрекинато.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Лагата беше неопходна заради зацврстување на тајната и воопшто не ме мачеше, како што другпат би ме измачувало, тоа што ја излажав мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се слушаше многу јасно, но беше неопходна посебна техника за разговарање.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еве вака почна измачувачката работа (која секако не беше неопходна, особено не за лицата на моја возраст, а што е уште посмешно, никој не го бараше тоа од мене) која го претвори мојот мозок, ма не во карфиол, можеби тоа е и премногу убав збор за тоа во каква состојба се наоѓаше моето мозоче, туку во состојба на препечено јаболче, од кое се извадени сите животни сокови.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Кај неа се знае редот, а на ред брзо се научив, внимавајќи на многу работи што беа неопходни за да се одржи мирот и доброто расположение во куќата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Слободњаците беа толерирани само кога иновациите и промените беа неопходни, обично затоа за да се излезе како победник во локалните натпреварувања.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во цивилизацијата на информацијата/комуникацијата на 21-иот век креативноста и менталната беспрекерност стануваат етички норми.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сега кога размислувам за тоа, верувам дека поради таквата метода мојата обука не беше успешна, затоа што доцна дојде до мојата полна ангажираност која беше неопходна за да станам волшебник.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Леон Сомвил, белгиски книжевен теоретичар и критичар Романот Времето на козите потсетува на еден сѐ уште недоволно познат трагизам: нејзиниот превод беше неопходен.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мораше, по секоја цена, да понесе неколку правни и адвокатски прирачници кои му беа неопходни за неговата адвокатска служба која, ако го послужеше среќата, ќе си ја продолжеше и преку границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)