Бев нервозен, дали ќе најдам место во возот; ќе најдам ли сопатници, со кои ќе ми мине времето на ова далечно патување, кое трае деноноќие.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Ивона беше нервозна зашто нејзиниот пријател не беше тука за да ја испрати.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мајка ми се правеше рамнодушна ама беше нервозна и секогаш наосилавена на нас децата; баба ми нешто скришно го караше дедо ми, а дедо седеше сѐ понапикан во огништето со главата наведната и некако свртена кон ѕидот, како чиниш да пушеше кришум од своето луле направено од кочанка.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Жена му беше нервозна по вчерашната слава, брдо неизмиени садови и извалкан тепих.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ти беше нервозен по природа, јас лута, ќе ми речеше нешто, ќе ме навредеше и јас го напуштав ручекот, но пак се враќав, како мало бесно дете.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Така без причина се натегавме и каравме околу тоа. Двајцата бевме нервозни по природа и често знаевме да се инаетиме и пречкаме за глупости.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
За време на овој лет, а и за време на другите летови кога патувавме, ти цело време шеташе низ авионот, беше нервозен и не можеше да доседиш толку долго во своето седиште.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Беше нервозен. И пушеше, со истото темпо како и јас. А палевме од кибрит!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Мајка ми, како и секогаш кога се подготвува на пат, со денови претходно беше нервозна, растревожена, несредена и постојано нешто викаше низ куќа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Во автомобилот гласно слушаше Бетовен кога беше нервозен, а во моментот кога ќе излезеше на паркингот, веќе си вообразуваше дека е смирен.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Ушите? Сте студент? - повтори Французинката.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)