Татко беше нестрплив да дојде до своите сиџили.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тој беше нестрплив да ја види својата Гица, најубава девојка во селото, а мене ми вети дека таму ќе ми најде непремено љубовница, ако ништо друго - ќе ми нареди работа со некоја од своите братучеди.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој јадеше на брзина, зашто беше нестрплив да стаса пред училиштето, каде сега веќе беа насобрани многу деца и сигурно веќе водеа жестока снежна битка.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Се разбира. - одговори Томо - Кажувај сега! - беше нестрплив.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Х.Х. беше нестрплив.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Х.Х. беше нестрплив, имаше загрижен израз на лицето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Некои беа нестрпливи и сакаа да одат да ја земат камбаната уште истата вечер, ама постарите ги искараа, рекоа оти таа работа не е за по ноќе кога луѓето може некаква беља да ги снајде и, не дај Боже, и камбаната да ја загубиме.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Бев нестрплив да ги прегледам хартиите, но сепак, заради повнимателно прелистување, се качив горе во собата и седнав на масата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Како да заборави дека беше нестрплив да најде работа, но тоа не го имаше заборавено Марко.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Имаа темно сини униформи, беа кратко истрижани и очигледно, барем некои од нив беа нестрпливи претседателот што побрзо да го потпише указот со кој што се откажува од својата функција и во име на воспоставување на јавниот ред и мир, целата власт му ја препушта на нивниот водач, генералот Стојан.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Кога ќе се покриеше со ложникот, чемпресот му удираше во прозорецот, потсетувајќи го на зборовите од Марин Крусиќ, дека сепак најпосле среќата ќе ја дофати. Ама кога? - беше нестрплив.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој спокојно се насмевна и мирно, многу мирно, како да не ја забележува мојата невешто прикриена нервоза, рече: - Да, и јас бев нестрплив да те сретнам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И самиот тој беше нестрплив.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Што бараме на Пелистер? - бев нестрплив јас.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Татко беше нестрплив да го дослуша Игора Лозински до крај и најпосле да му го открие стравувањето за прекинот на патот на јагулите, до што според него морало да дојде.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но беше нестрплива да го слушне познатото продолжение за Татковата љубов.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)