Книгите му беа нови земји, мориња и неба.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Уште пред Велигден Толе и Јован донесоа по една куса манлихерка и секоја вечер ги чистеа, подмачкуваа, иако беа нови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Беа нови, светнати чевли, во кои можеше да се види човек како во огледало. Без мана.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Прв го започна разговорот Даме Груев.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тоа беше новиот учител во Ново Село, Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Да живее Лејди Гага беше новиот проект на Отворениот шупак.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Имаше оставено само неколку садови и работи за домаќинството кои беа нови и заедно со дечко ми ги имавме купено, за да се служиме.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Следната ноќ за Рада беше нова станица на пеколот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ова беше новиот начин на изразување на вечно незадоволната Ружа на која сѐ ѝ недостасуваше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Стоеше крај вратата и се привикнуваше на нешто што беше ново во неговиот живот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Таа беше новата љубов во неговиот живот, љубовта што му дојде како изненадување, необичното пријателство што прерасна во љубов...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И за самите нив откривањето на некое заборавено доживување, некој избледен настан, беше ново и интересно, па со денови разговорите се водеа само околу таа дамнешна, заборавена случка од младоста.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој тон беше нов, но сепак веќе имаше повеќе денови како говори на тој начин.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Она што ние го нудевме беше нов и послободен поглед на вистинските луѓе и, иако нашите филмови не беа технички исполирани, сѐ до 67. андерграундот беше единствено место каде можеше да слушнеш нешто за забранетите теми и да видиш реалистични сцени од модерниот живот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Кога во своите рани четириесетти години беа нов пар, поради својата страсност и сличноста на нивните имиња (со обратни полови), Френки и Џони славни од популарната песна, тој стар хит стана постојана шега меѓу нив.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ваквиот развој ја означи победата на неразграничената геј-сексуалност над една претходна, дискредитирана, женствена геј-култура, од која долгоочекуван и добредојден засолн беше новиот модел на машкиот геј-идентитет сосредоточен на сексот.
Не е чудо што во заразната атмосфера на тие славни дни при крајот од 1970-тите, пред сидата и пред подемот на Новата десница, кога секс имаше насекаде (ако човек уште немаше триесет години, ако беше урбан, буч и не баш лош за око) и кога се чинеше дека утопијата е, ене, тука зад аголот – не е ни чудо, велам, што на младите геј-мажи како мене Џуди Гарланд не им вршеше многу работа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Едната беше нова, од отсечената нога, а другата од долу скината.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
XVIII Судбината сакаше во мојата сложена дипломатска мисија да се најдам во Картагина во времето кога владетелската арена принудно ја напушташе стариот Хабиб Бургиба, верувајќи до последниот ден оти е непобедливиот Југурта, а овде го продолжуваше своето владеење со својата далечна Палестина - Јасер Арафат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој беше новиот трагичен херој во недрата на Картагина кој влегуваше во историјата, различно од Хабиб Бургиба, но обајцата имаа иста цел - да му донесат слобода на својот народ...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бомбите беа нови во светот и употребени можеа да изгорат се и да уништат се.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не беа нови. На многу места беа издупчени и имаше петна од засушена крв.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ова, всушност, и не беше нов вид договор, во вистинска смисла на зборот, бидејќи во ЗРО (1993) беше изоставена одредбата од ЗРО на СРМ (1990) која предвидуваше дека работник кој, во една 20 или повеќе организации или работодавци, остварува полно работно време – може да работи уште кај еден работодавец, за 1/3 од полното работно време, при што мораше да обезбеди претходно одобрение од надлежниот орган кај својот „стар“ работодавец (чл. 25, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Еден од производите беше новата, свежа шунка наменета за трубадурот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Сакав да те видам. Вчера од еден познаник од Сенди, чув дека ти доаѓаш од Џексон, Мисисипи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)