Да, ќе беше огромна штета да не можеше да се поправат тие прекрасни, елегантни, салонски чевли...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тоа беше огромен проект со капацитет од илјада и пол луѓе, и со светла во боја и винилни ленти кои висеа од плафонот, и со филмови и слајдови, и интерна телевизија, и бутик и останатото. што се однесува до бендовите - Велветите свиреа на отворањето.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Беа облечени во винил и антилоп и пердуви, во фустани и шарени чорапи и кондури со патенти, и сребрени и златни мини- мини сукњи, и Пако Рабан фустани со пластични дискови, и yвонарки, и кратки фустани кои се ширеа од рамото надолу, а тоа доле се наоѓаше прилично над колената. (...) Пред крајот на април, на Бродвеј и 53.улица се отвори клуб под името Cheetah.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
„Каков список?“ - прашално одговори Карер не давајќи да му се препознае вознемиреноста. Беренц го гледаше со безизразен поглед и за неколку мига не рече ништо.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа листа на слободни личности беше огромна.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Гледав во тоа искуство што сега беше огромно зажарено брдо, планината што ја испушташе вжештената топлина наоколу, а сите само се оддалечуваа од таа топлина која освојуваше сѐ повеќе и повеќе.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Но тоа нема врска со општиот напредок на земјата (како целата да беше огромен корнишон под стакленик), како што нема врска ни со тоа што на Горда школото не ѝ одеше баш многу (поправо, ни погоре ни подолу од три).
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Меѓутоа, влијанието на де Квинсиевата книга беше огромно и во меѓународни размери.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Добро, и да беше лага, дека границата беше затворена, штетата беше огромна.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Штетата велам беше огромна.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во ноќта целата колона влезе во пристаништето. Пред нив беше огромен брод.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Татко и Камилски, по првите прегледи на бројните речници и книги, констатираа дека бројот на османотурцизмите кај балканските народи кои беа под петвековното отоманско османско владеење беше огромен.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Ми беше огромно задоволство да бидам во Ваше друштво, Томаица.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Дарвиш замислено ме погледна и рече: - Арафат сакаше сите ние да станеме дел од неговата легенда.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Неговиот авторитет беше огромен.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој беше огромен човек, со грива од мрсна сива коса, со обесено и збрчакно лице и со дебели црнечки бузи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тука беа огромните печатници со нивните уредници, типографски стручњаци и комплетно опремени студија за фалсификување на фотографии.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа беа огромни стаорци. Беа на возраст кога стаорската муцка станува тапа и крволочна, а крзното кафеаво наместо сиво.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но физичката тешкотија да се состанат беше огромна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Толку ја сакаше таа маса што ја стави во количка - масата инаку беше огромна, приближно два метра со метар - и ја довлече низ Втората Авенија, полни триесет блока.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Главниот виновник беше огромниот петел на комшиите, со темноцрвена кикиришка што гневно му се тресеше на главата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Треба да се потсетиме дека во тој момент американската култура и уметност беа доминантни; да се почувствува нов европски дух надвор од Турин или Дизелдорф беше огромно откритие и нешто што му даваше нова надеж на нашиот стар континент.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Големите инсталации, скулптурите и витрините се дела на голем скулптор со вистински осет за материјалите и идеите коишто го надминуваат духовното, антрополошкото, и алхемичното, приближувајќи се до архитектуралното. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 89
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бојс имаше визија, имаше иднина, и со својата енергија ѝ вдахна живот на европската култура.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Болката беше огромна. Неописливо голема.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Но, кога јас ги употребував цвеќињата, оригиналната фотографија беше огромна, а јас употребив само еден мал дел од неа и го зголемив. DD ПТ: Што најчесто ви го привлекува вниманието? DD ЕВ: Добар излог...
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Паркот беше огромен, ние не знаевме дали се движиме во вистинскиот правец, оти беше многу темно, а часот беше...
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не смеев ни да помислам, ни да прашам колку е часот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)