Среда Септември Во земјата на вечното движење сè беше означено со име, со знак, и предметите, и луѓето, и сè она горе, и сè она долу.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Така Татко и во доцните фази од својот интелектуален живот размислуваше, посебно кога интензивно работеше врз својата Историја на Балканот низ падовите на империите и сега посебно на тоа се потсетуваше кога го слушаше Камилски како говори за јаничарството и језуитството, во линијата на интелектуалното јаничарство кое беше особено својствено за одделни претставници од народите на Царството, кои и самите беа означени по други обележја од јаничарството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Татковата судбина беше означена од спротивставувањето на фашизмот во потрага и спас на своето семејство и наметнатата бегалска судбина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На самиот влез одгробиштата си купив мапа каде што беа означени гробовите на многу славни личности.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Нема да ги спомнувам другите поединости кон кои упатуваше поткренувањето на раката што го водеше мојот поглед кон тумбата, бидејќи уште веднаш сфатив дека нејзиниот избор не беше случаен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сетив дека тој миг беше проследен од секавицата на задоволството што помина по нејзиното лице; а ваквото чувствување на моментот беше означено и со успорувањето на нејзиниот чекор кој и без тоа беше прилично бавен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Луѓето одминуваа нагоре-надолу и многумина фрлаа поглед кон човекот во сина облека што беше понесно дисциплинирано застанат токму под таблата со која беше означена автобуската станица.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Не беше означено дека текстот беше извадок од книга.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога во далечната 1943 година ноќе со еден стар семеен чун ја минавме границата која беше означена под Езерото, според легендите во кои верувавме во детството и чувана од еден змеј, границата меѓу родната земја и среќниот егзил на другиот брег, ние бевме осудени на клетвата дека нема враќање од егзил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За секој клуч постои некаква брава, но секоја брава си има своја историја...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ги делеше луѓето И најчесто на самата невидлива граница, која беше означена некаде на дното на езерото, кога минуваше чун се создаваше силен вител кој го одвлекуваше чунот во длабините и речиси никој не преживуваше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Луѓето одминуваа нагоре-надолу и многумина фрлаа поглед кон човекот во сина облека којшто беше понесно дисциплинирано застанат токму под таблата со која беше означена автобуската станица.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во распоредот на овие книги беше означено и семејното сеќавање.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)