Власта постојано ја финансираше штраферската револуција и испечати тетратки со ликовите на двата најперверзни штрафери кои беа омилени кај девојчињата до 12 години.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Таа беше омилена во последно време во Министерството за изобилство.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тие ми беа омилена лектира како на многу генерации стари и млади.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Резултатот беше тој што мојата работа веќе не беше омилена меѓу аматерите, дури нимеѓуние што го сакаа импресионизмот или кубизмот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Риби, и тоа и малечки и пржени, се разбира, му беа омилени.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Вилички кои беа омилени цветови од нејзината градина.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Таа му беше омилена на газда Таки кој знаеше многу македонски песни и со големо задоволство и чувство пееше во вакви прилики.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Криенка им беше омилената игра. Клои веќе не можеше да ги најде.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Мајка му ќе го пречекаше со некој од нејзините специјалитети, што му беа омилени.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тој стана градоначалникот на Закинтос, главниот град на истоимениот остров зашто беше омилен меѓу жителите и избран како честит и примерен жител, за прв човек на главниот град на островот, но според авторитетот, би се рекло и на целата островска заедница што броеше близу триесет илјади души.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Островот ли е формулата за човечката блискот, со својата средморска осаменост, но и со оскудноста со која задно живеат и луѓето од овој архипелаг?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но, бидејќи ми беше омилена претстава сметав дека мора да ја пренесам на екран.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)