Заборавив дури и да ја затворам вратата од мојата соба толку бев повредена и понижена од реакцијата на Господин Бертран.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Таа тоа го направи мирно, иако беше повредена во душата; го напушти без да се поздрави со него.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Но сега веќе беше доцна за помирување и љубов; јас бев преплашен од Луција и од нејзиното тело, таа беше повредена, јас гневен за нејзиното неверство, таа гневна на мојата одглумена сексуална рамнодушност, и конечно јас бев до срж унижен со тоа што песнарката се најде во рацете на Партијата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дали само за тоа што беше повредена нашата верба и достоинството на борец викавме: - Смрт!!! - На бесилка!!! - На три метри под ѕид!!! Дали само за тоа ги баравме нивните глави?...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Толку многу бев повредена од нејзината постапка, што никакво сожалување од моја страна таа не можеше да очекува.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Баш обратно: - Не си добра мајка – фрлив уште една отровна стрела кон неа. – Дури и ако го заборавам прстенот, не можам да заборавам нешто друго.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Многупати бев повредена, а не се сомневав дека како резултат на тоа и јас повредував.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)