бев (гл.) - политички (прид.)

Некогаш се гребеше на носталгија, поеднипати се трудеше да даде интересни перспективи за некои секојдневни прашања, друг пат во него ќе се исплукаше еден авторитарен систем, каков што, без претензии кон оригиналност, беше политичкиот систем на СФРЈ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А ако се испразни од Македонија името Србин, тогаш ќе остане за Македонците само името Бугарин што беше политички и етнографски термин уште до турското завојување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа што го правеа беше удар против Партијата. Беше политички чин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само што помислив дека триумфирав дојдоа две малоумни горили ги испратил некој политички шпион ги начека Робинзон ги застрела в тилот Задоволни седнавме исецкавме купуз во чест на грдите погубени горили а потоа спремавме стратегија за напад следни беа политичките гниди
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Мајка ми беше во Полска, татко ми во Грција (заборавив да кажам дека кога беа затворени во Лерин татко ми со браќата и снаата, татко ми не го пуштија од затвор, туку беше прогонет на островите во Грција и таму беше сѐ до 53 година ...ако е точно, не сум баш сигурна(!)... кога го ослободија живееше во Лерин, ама беше политички неподобен).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)