бев (гл.) - последен (прид.)

Како син те молам, кажи кој?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Кој беше последнава недела постојано со него?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сините, па зеленикави води на реката добиваа бели подвижни брегови, а од јужното море беа долетани галеби. Тоа беа последните мигови на нашиот детски рај со козите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Такви беа последните републички и федерални инструкции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стрелајте на кучињата! Тоа беа последните негови зборови.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пак згрмеа комитските пушки... Горе се крена чад.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Семејните дружења со многу вино и ракија во Лисиче и во Аердром.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тоа беше последен пат кога во авионот што од Берлин слета на скопскиот аеродром беше нашиот чичко Александар.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Неговиот кат, четиринаесетти, беше последниот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Пред една недела, веројатно, беше последен пат: го извикаа во училиштето ветувајќи дека ќе му купат кошула и капа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој напред, четите по него — ги одведе во Будимерци каде што навистина им приреди пријатен одмор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе стана пред зора и го побара Бешот и другарите, а овој на брзина му ја кажа новината и му го доведе мелничанецот да слушне лично од него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секаде ќе бидеме одозгора ако случајно нѐ поткачат агите — беа последните зборови на Ѓорчета, чијшто предлог сите го одобрија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Се разбравме нели? — беше последниот шепот на Толевиот комшија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Костурци останаа на милост и немилост на судбината.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас пак ќе помислам, а и ти не испуштај ваков сермија, оти ретко, зерем, се продават, — беа последните зборови од Адема, кој се врати назад на кулата и го викна Катето да му донесе цела оканица комињарка и да го служи денеска.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, арно, арно. Седи си ти тука со децата и со старите, јас дури су жив ќе ве пригледуам, та откако ќе умра, шо знајте правите — беше последниот Толев збор со Ката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само ти ќе правиш намуртен суратот, како да не кандисуваш, оти којзнае дали пак тој ќе кандисат на толкав сума, како баеги пари сет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се качија Арслан, јузбашијата, заптиите и коџабашијата Трајко со азите на Влашкиот ан, а Расимчауш со петшеесет војници, со штиковите на пушките, ги загради селаните на сретселото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ти сега ќе гледаш што повеќе оружје да се внесе во народот, — беше последниот збор што му го рече Петре на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе таа ноќ спиеше со Ќосото баш кај тетка му на овега во Полчишта и нареди никој да не го беспокои ноќеска, па макар јузбашијата со сиот аскер да го сардиса: — Утре на видело ќе се расправам, кој сака нека иде! — беше последната негова наредба пред спиење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Значит, петстотини ако дадат ќе оставиме да носат главите до кајмакамот, ако не нека одат кај Петре нивни, — беше последниот збор на бегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гледајќи ги Шаќира и Ѓура, се сети дека есеноска испрати по овие двајцата шестотини лири за пушки, та сега ги закачи нив за таа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајте ми со здравје и вардете се! Вардете ги вашите глави баш за тоа народно дело! — беа последните зборови на Ѓорчета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе пукат на секого кој сакат да излезит — беа последните зборови на Арслана, а Трајко си излезе заедно со заптијата Ибраима, на кого мудурот му нареди да ги пушти затворниците од авурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Кој ќе останит дома, аскерот ќе заколит на прагот од куќата", — беше последниот заканителен збор на јузбашијата којшто и на аскерите им ја пренесе оваа наредба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се наложија преку ноќ со толчени коприви, кромид и сол и утрото, уште рано, аазите заредија од куќа — на куќа, да ги собираат парите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ден, два,три — за мене е сеедно, но сакам да се слуша мојот збор во моата куќа, — беше последниот збор на Толета по тоа прашање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Бак, бак, бак! — му се испушти на бимбашијата кога прв ги забележи и му ги покажа на Бахтијара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И овие нејзини зборови беа последни што се чуја таа вечер од сцената...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дајреџијата секогаш и насекаде беше последен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Возбудлива, но и тажна беше последната приказна за Димитрија Волчарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го привлекуваше шумата. Тоа беа последните денови од неговиот престој во планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа беше последната реална слика што му остана во свеста на Гого, пред да му падне преку очи некаква пајажинеста мрежа од мрак, а снагата да му залебди во наглув и безвоздушен простор, небаре му се престорила во бабуле надуено до препукнување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оној што беше последен во редот, не поместувајќи ги нозете, почна да ја подава главата напред.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Вети дека ќе разговара со иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа всушност беше последниот наш разговор во кој сакав но не смогнав сили да ѝ речам дека сум подготвен да го прифатам на себеси татковството на Иван и тоа не само како мое лично признание за тоа колку ја ценам, туку и заради една друга причина, што за жал немав сили самиот себеси да си ја признаам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но не беше и осуда. - Не спомна ништо во врска со затворот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Тој Ведран ќе беше последниот за кого ќе помислев дека и се пикнал на Таша под јорганот“, беше неговиот заклучок.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не стануваше збор за некакво женирање. Или сомневање во желбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Сите проблеми на округот не можело да се разрешат ако не се очешале од него“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На изложбата исто така беа изложени и неколку други подготвителни студии, како и реконструкцијата во потполна големина на делото “Цепелин со воденица во соседни метали”(1913-1915) (“Glider Containing a Water Mill in Neighborinng Metals”) и “Девет шеќерни рељефи” (1914-15 - “Nine Malic Molds), Ричард Хамилтон ги изработи за изложбата во Тејт галеријата во 1966.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како важно дополнение на редимејдите, 108 Margina #4-5 [1994] | okno.mk изложена во истата просторија со нив, беше последната композиција на Дишан, работена во маслена техника, “Tu m’”дело кое од него го откупила Катрин Дрејер во 1918 година, за да го пополни празниот простор над полицата за книги во нејзиниот апартман во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Си спомнувам, шеесеттиот ден вечерта падна наредба да се повлечеме на нови позиции. Беа последните. Зад нас веќе беше Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Продолжив да возам по кршот од камења над кој се дига омарнина и колку повеќе се доближувам до купиштата од камења и земја каде беа последните куќи, чувствувам дека ме лазат морници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А за некои Ташкент беше последната станица во нивниот живот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Скрсти одам, Бога молам Цепенков Може не беше последната година од Седумте сушни години, ама последните десетина месеци ни грутка снег народот беше видел, ни капка дожд врз себе беше сетил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа беа последните белези и звучни знаци на „Пакс-верс теоријата“, измислена и запишана од поетот и научникот Волкашин Нунески, потврдена на македонскиот фронт, во благата пролет 1944 година.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сѐ, што му остануваше, беше тоа да фрли уште еднаш, а после кога виде дека ѓаволски не погодил, можеше уште да го донаправи оној свој започнат чекор и да се засолне зад дебелото стебло на чамот до себе, и уште веднаш се покажа дека беше последниот миг за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во синџирот сплетени раце тој беше последната, најслаба алка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тресокот беше последниот звук што го слушна зад себе од собата 1303.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе нѝ изѕебнат нозете - си мислеше на сиромаштијата која како црна сенка со отворени челусти се спушти над селото - Не соголија до коска - беа последните зборови на кои се сеќаваше Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа беа последните зборови: офицерот го свитка документот надве, колку што е потребно да се смести в џеб.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А, турли тава му беше последна манџа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вечер Понекогаш е нежност, една ненадејна и потребна нежност кон онаа што не е кралица и што си постои којзнае каде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Велам баронија, бидејќи стариот Елисон беше последниот од бароните.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ќерко, тоа беше последен пат да те молам да ме следиш на пијано. Се изрезиливме.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Баронот во својот живот има должност и функција да обезбедува работа за работниците, а престојувалиште и засолниште за трубадурите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа беа последните искри на мојата свест.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ги средувам мислите многу полека за да го опишам подземниот живот на кој му бев дел, непозначаен од другите околу мене во мракот на јамата. Кои други?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На Голи Оток, како во пеколот на Данте, најмачен беше последниот круг, кругот на кодошите, низ кој беше осуден да мине...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова беше последниот обид на Татко, пред почнувањето на потрагата по опасните турцизми да го одврати Климент Камилски од неговата идеја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не н заборавајте, беа последните Арафатови зборови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поканата ви е со сребро навезена на кутијата од палестинските мајки!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На сите страни се вознемирени за нашата иднина!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Средбата со Сојузниот министер беше последна во мојот дотогашен дипломатски итинерер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кажавме дека ноќта не ќе може да дојде и таа почна да плаче: Не, синко тој си го виде сонот, а сонот му кажа, тој не се враќа веќе, го средија балистите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И така беше, тоа беше последната борба со балистите за него.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој и неколкумина други како него, беа последните преостанати врски со исчезнатиот свет на капитализмот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во аголот, врз масата на расклопување, стоеше стаклениот тег за хартија што го купи кога беше последниот пат тука и меко светкаше од полутемнината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред 26 години, весели, распеани среќни, полни со планови за во иднина, едно дете веќе на пат…, а сега 26 години подоцна…, готово…, никогаш нема да си честитаме, лани ни беше последната годишнина… Не мислев тогаш така…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Имаше моменти кога се откажуваше, кога не сакаше повеќе да зема лозови, но тоа траеше до денот што беше последен за извлекување: одеше кон бутката да купи лозови, сакаше да не најде но пак се тресеше и го молеше господа да најде.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Да благодари што тие зборови беа последните од неговата беседа, та не се разбра во публиката никаква забуна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мажјето нека си а гледаат нивната работа, ние ќе си а гледаме нашата! — беа последните зборови на Митра околу ова „важно" прашање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Е море, така велите, така нека биде. Токо, мене не ми се прави ќевот, — беше последниот збор на попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка уште повеќе се внесе во екранот. Тоа беа последните вести за настаните по падот на сталинизмот и на енверизмот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Малото вовче кое сообраќаше на тесната железничка пруга од Струга до Скопје, во тие први повоени години, беше последната реликвија од тој вид на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вовчето патуваше по тесни пруги. И сигурно беше последната железничка реликвија на Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оној што беше последен во редот, не поместувајќи ги нозете, почна да ја подава главата напред.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Неколкуте пријатни чекори на оваа плоча не можат да го поправат впечатокот од грдите игри на животот“ беше последната нејзина констатација пред да се вратиме кај Раде. Грдите игри на животот!.. (нејзини зборови)..
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа беа последните зборови на Јаким Ниновски, во неговата канцеларија оној понеделник кој за жал во бележникот на секретарката Ботка веќе не постоеше. Беше изчезнат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кафеаната Јамајка беше последниот Хичкоков англиски филм, иако Хичкок често навраќаше во Англија заради снимање на екстериери за американските филмови.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Играта му беше последната вистинска одбрана.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Накусо кажано, Ш беше последен секогаш, секаде и во сѐ.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Списокот на нешта во кои Ш беше последен е премногу долг.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Смртта $ беше последната лекција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Макар што беше последниот ден на месецот февруари, надвор како никогаш во тоа доба на годината блескаше раскошно сонце.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа за мене беше последниот ден во кој се ууште верував дека дедо е жив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мобилниот телефон. Го зеде кога авторот беше последниот пат во Атина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Може да се рече дека тоа беа последните денови од есента кога таа ги набројуваше, ги трампече последните лири расфрлани по нејзината снага за белиот кожуф на зимата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тајшед беше последно прифатилиште за сите логори понатаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)