Храброста на Мустафа Кемал, извојуваните клучни битки против сојузниците на Дарданелите и против Грците во Санкраја, потпомогнати од Англичаните, беа пресудни врз тоа што преостануваше од Османската Империја да се положат темелите на Република Турција...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сепак, мајка му Анѓа беше пресудна за градењето на некои негови ставови.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Неговата утеха беше пресудна Рада да се извлече од депресивната состојба во која беше западната.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Особено минатата неродна година, со непрестајна суша, беше пресудна за неговата одлука да ја отстрани јаловата јаболкница од својот двор.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Социјализмот беше пресуден за прифаќање на кирилицата во Монголија, со вметнати неколку знаци за типично монголските фонеми.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
По распадот на СССР и по стекнувањето на независноста, земјите од Средна Азија со турскојазично население се префрлија на латинични системи на писмо или на арапско писмо, прифатено под силно влијание на исламот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но за тоа подоцна низ сведоштвата на поетот Махмуд Дарвиш...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Годината 1988 можеби беше пресудна во борбата и животот на Јасер Арафат, најсилно данајски привлечен во лавиринтот на стапицата, макар што во таа година беше убиен најблискиот негов соработник Абу Џихад.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Благодарам, Трифун Трифуноски, сакав да му речам, но немав време, не смеев ни секунда да губам, секој миг беше пресуден за Кејтеновиот живот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Главно се навраќаше да ги препрочитува делата и деловите од делата што беа пресудни во дефинирањето на неговата животна филозофија што се темелеше на карактерност и главно смиреност постигната со напор.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Временската прогноза беше пресудна за нејзините префрлувања: - Тенко ти е кошулчето, денес ќе дува ветер, ќе настинеш! или пак - Зошто ја носиш оваа кошула и денес, вчера ја облече!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
За разлика од него, Французинката се однесуваше многу опуштено.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
За Татко, распоредот по кој се читаат книгите беше пресуден.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Често верата беше пресудна за да си ја определат и националноста.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)