Неколку изјави на Бароуз од една ТВ-емисија Детство: Мајка ми беше многу слаба, со нежно лице, продуховена, и беше мошне интуитивна во врските со луѓето.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Реакциите на критиката беа различни, и тоа екстремно.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Исходот од посетите и преговорите беше различен, и не секогаш позитивен.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ништо не се промени во неговиот глас или однесување, ниту во содржината на она што го кажуваше, но имињата одненадеж беа различни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Навидум имаа иста цел нивните чеда да живеат во подобар свет, во мир и хармонија, но патиштата до целта им беа различни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, практиката не се препишува така лесно, затоа што многу од предусловите беа различни од веќе видените така што рамката не беше соодветна, па проблемот на општеството им бегаше изместувајќи ги својте рабови под рамката а таа никако да клапне, да го опфати во целост.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
А Банат и Бачка ги делеше само Тиса. Беа различни како ден и ноќ. Обичаите и однесувањето јасно го покажуваа тоа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Реакцијата на лидерите и главните популаризатори на grunge-от (на оваа енормна, за многу од нив изненадувачка популарност) беше различна. Nirvana i Pearl Jam останаа при врвот; првите заминувајќи во екстрем, обидувајќи се да се надминат самите себеси во брзината и буката низ фуриозниот “In Utero” албум, а другите со млитавото компилирање на своето прво издание “Ten”, чија што порастегната и поздодевна варијанта е преименувана во “Vs.”.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Но Илона беше различна од мене и од многу други наши клиентки. Илона беше ангел.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
За услугите што им ги вршеше, му плаќаа добро, а често и го честеа: му даваа шише или пагур со ракија да се напие; бидејќи ракијата беше различна по јачина и од различни плодови: слива, муренка, грозје - тој само ќе ја пробаше малку, а другата ја туриваше во билакот што го носеше со себе, и кога ќе насобереше доволно, ја препечуваше во селските казани и си ја правеше по свој вкус и јачина.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Како што куќата, која беше различна од редиците униформни и монотони куќи од тули во Идн Парк, така и семејството Адам беа поинакви од луѓето што таа ги познаваше.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ама тој, лебот, беше различен зашто ако денес, играјќи си со тестото како со пластелин, правеа форми на ѓевреци, веќе утре печеа ѕвезди или месечинки.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Секоја од нив беше различна по боја, но и по вкус.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Насекаде ни светот постојат милијарди часовници што различно го покажуваат времето.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Олимпикусот (пресметав без да го видам) – 18:45:55. Сите беа различни.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Продолжи да се врти по Градот, и иако имаше впечаток дека оди во круг, имињата на улиците беа различни.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
И тука запреа, а децата растеа и не се кошкаа, колку и да беа различни по лика, па и по става, а спротивни по нарав.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но тој не можеше, како татко му него, допрва да го земе за рака и да го контролира, да го дисциплинира и, едноставно, да го држи покорен; зашто, едно имаше отпор кон таков начин на воспитување во кое гледаше просто повторување на односот од татко му кон него, а и друго и времињата на нивните детства беа различни, па она што го имаше неговиот син тој го немаше во своето детство, така што не можеше да се снајде во него како што веруваше дака се снашол во своето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Зашто желбите за насоката на патувањето беа различни: од Јадранското Море - дури до Австралија.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сите се сложувавме со неговото гласно размислување, па фативме сите да зборуваме што би правеле, кога би имале авто.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се надвикувавме, се надмудрувавме, готови бевме дури и да се скараме.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Козар маало тонеше во немирен сон. Сите соништа беа различни, но во сите главни јунаци беа нашите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се разбира, мотивите беа различни, но сите бевме откорнати во овој град намачен од историјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ги виде ѕвездите и како да почувствува некое задоволство што им го гледа истиот оној распоред каков што го гледаше и порано како дете и младич, пред да замине од селово, зашто потоа, скитајќи по светот, секаде тој распоред - му беше различен.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)