Сонцето сега грееше и сињакот беше растопен, а бавчите изгледаа како попарени со врела вода.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но тие не беа веќе оловни војничиња, беа растопено олово, само од себе несопирливо понесено да плави сѐ околу себе.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се сети на настанот виден во детството; на ножот светкав како влажен рибји стомак; на проѕирниот лак што го остави зад себе проклетиот челик пред да ја пробие ленената кошула; на темната лочка крв која не беше растопен пламен на малини; и на дебелите стакла на жандармеровите очила.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)