бев (гл.) - слободен (прид.)

Тие со месеци не излегуваат од станот!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Еднаш во годината кога станот беше слободен ти ми кажа дека баш тогаш не ти било до ништо!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ги почувствува дамарите во грлото. Слепоочниците му се оросија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој беше слободен ѕидар инициран во масонската ложа на Закинтос, којашто впрочем како и сите други ложи на окупираните територии, згасна кога започна војната.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Вистината е потривијална. Се разбира дека тие двајцата беа слободни ѕидари.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Воспоставивме врски поради интересот на владеењето, тие со нивниот, јас со мојот дел од луѓето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги плаќаат Турците воловите, но при тргнувањето еден ја завртел главата некако заканително.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Може некој одред аскер ја има фатено таа чука да мава од високо на нас — проговори Тренков.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аман ага, аман пашум, аман татче, — пиштеа обесените, клоцаа мавтаа со рацете на кои им беа слободни, псуеја најпосле: живи, мртви, вера закон но ниту молбите помогнаа, ниту псовките и заканувањата ги заплашија инквизиторите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но едно беше главно: тие села по Мариово во тоа старо време беа слободни, без бегови и господари, та беа се поткренале и материјално.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Трупарите се позачудија на Толевото прашање, но тие го познаваа и од порано, та беа слободни пред него, бидејќи не беа предмет за неговото внимание.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде, камо ви пушките да грабните, да му појдиме на мудурот во Витолишча, да го проплескаме или да го нападиме во Анадол од каде шо дојде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Целата западна четвртина од Маргара беше слободна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кој кого да каже кога речиси сите беа!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога беше слободен, патуваше по манастири, по вакафи, по институции со заборавени книги. Ги преземаше, ги откупуваше...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Човекот во престилката, Диовецот, нè одведе до најубавата маса, макар што сите беа слободни, од која се гледаше и шанкот со скарата и влезот со прозорците - па можеше истиот час да порачаш нешто од шанкот и да го прескокнеш прозорецот за да не платиш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој толку си ја владееше работата, што беше слободен и да одговара на прашања во милициската станица, само да не го натераат да ја открие тајната како се прави најубавата боза во градот. - Од каде ти е ова „Малага”?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Бев слободен. Имам и лекарско оправдание.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И тие не беа слободни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога последнава падна под Византија, Македонија беше слободна држава за извесно време и со успех се бореше против Византија и ја имаше под себе цела денешна Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Стана и отиде на прозорецот, печката зад него беше усвитена од жар, беше слободен и отпуштен, свикнат и смирен во таа темничина, како полжав под своето самарче, без никаква желба за бунење, а неговото тело не бунцаше за ниеден ненаправен чекор, само едно тивко преместување во таа просторија, во таа долина, која сега ги тераше полека сите свои жители да се јават, како при некое чудно повечерие, да испуштат од себе по некој глас, секој по некој свој писок, или по некое будно око.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да не направеше така, да не останеше сам во напуштената населба, сега бездруго ќе беше слободен од грижата дека ги предал луѓето, и бездруго ако отидеше, со нив, со луѓето, ќе споделеше една иста судбина...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но госпоѓицата, во 1939 година, умре од офтика, па татко ѝ ја закопа на гробиштата во Битола. и секогаш кога беше слободен, или кога ќе најдеше некого за а го замени, одеше таму, во Битола, за да запали свеќа на гробот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас барем бев слободен од домашна страна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За среќа, собата беше слободна и Климент Камилски небаре како птица со куферчето долета до третиот кат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но сепак, некако чудно се чувствував, не бев слободна, сè со некоја резерва, сè со некој страв живеев, пазев да не ја навредам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А кога беше слободен, те копкаше во суштина истото прашање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во викендите, кога бев слободен, шетавме во паркот и најчесто одевме на ручек во ресторанот “Палма” на горниот дел од езерцето Око.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во рацете немаше ништо. Тие му беа слободни.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Почна да се стиска кон огнот, но кадијата го имаше предвидено тоа, та совреме нареди редица сејмени пред луѓето, така што неколку метри од огнот беа слободни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но бидејќи чорбаџиите и своите деца не ги праќаа на училиште, па и ако ги праќаа сега беа слободни (а кој немаа свои деца, си главуваа такви уште на Ѓурѓовден; та секое лето имаше в село по десетина петнаееет што ленствуваа цело лето по реката и ливадите, ловејќи риби и вадејќи јајца на разни пупунци, чавки, страчки та дури и соколи по тополите и врбите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но Крсте разбра од мрморењето дека сака да му го распаша појасот и да му ги ослободи рацете. Co помошта на секирчето појасот беше пресечен и рацете на Ристета беа слободни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Луѓето беа слободни, можеа да патуваат, да бидат малку среќни, но стравот сѐ уште беше тука.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мувичката беше слободна.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Никој кој им годи на луѓето и кој е добро друштво, не се отстранува туку-така, бидејќи луѓето сакаат да бидат со таквите.  Дали сè уште верувате во типовите на засолништа какво што беше Кингсли Хол, кадешто пациентите главно беа слободни од контролата на особјето?  Кингсли Хол почна со работа затоа што сопственикот го убедив да се обиде да ги третира менталните немири и конфузии како безопасни состојби.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никој не знаеше какви се тие луѓе кога се вон душевните болници, бидејќи штом ќе паднете во една од тие состојби, веднаш се наоѓате себеси врзани во некаква задна просторија, или однесени во душевна болница.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Патот кон рајот беше слободен.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сепак, главата му беше слободна.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Полека го запознавав Париз, најповеќе во неделите кои ми беа слободни денови.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Утринските часеви ми беа слободни и јас посетував курсеви по француски јазик во француската Алијанса.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ова место нашето им беше слободна територија, како што велеа тие и власта партизаните ја имаа земено во свои раце.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ме барал во дуќанот каде што работев, но таму не ме нашол затоа што тој ден ми беше слободен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)