бев (гл.) - сложен (прид.)

ЖИВОТОТ ТОГАШ И ДЕНЕС Инаку, селаните сите беа сложни, се боревме за подобро утре.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но за оној што веќе ја запознал природата на Аритон Јаковлески – тоа беа сложени, тешки испитувања на совеста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Задачата беше сложена – свирката од еден краток и еден долг тон молеше за неколку поврзани дејства: змиулчето требаше да го најде лулето, да го земе меѓу запчињата и да му го донесе.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Бидејќи ние со домаќинот мој бевме сложни, што се вели како со еден ум и со една душа, јас уште од вчерадента знаев што ќе ми работи човекот мој утредента и, утрото, пред него ќе бев станата, торбата со јадењето ќе му ја имав стокмено, ќе му помогнев да ги истера воловите од аурот и да ги прегне или да ја самари маската, ако требаше да му помогнам на маска да се качи, стол за поткачување ќе му изнесев, маската од порта надвор за водило ќе му ја заводев, до над куќи ќе го испратев, ќе му го дадев водилото в раце, ќе го пуштев да одмине и по него трипати ќе се прекрстев.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)