Основната лингвистичка структура на МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ - МОДЕРНИЗМОТ, беше создадена во периодот на разновидни авангардни движења.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Меѓутоа, сосем е точно дека дури со доаѓањето на бегалците од Белград во Софија во 1890 год. беше создадена основата на најзначајната македонска институција од тој период Младата македонска книжовна дружина што од почетокот на 1892 год. почна да го издава и својот орган „Лоза” на јазик со многу македонизми и со посебен „македонски правопис”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Имало жестоки и кравави периоди за време на Османската Империја, задушувани востанија, но немало овде големи стогодишни војни како на Запад помеѓу Англија и Франција, помеѓу Франција и Германија, помеѓу Англија и Шкотска...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На Балканот не постоела инквизиција како на Иберискиот Полуостров, со практика на крвави преобраќања на верите на Евреите и муслиманите, ниту на него се случила крвавата Вартоломејска ноќ (меѓу 24 и 25 август 1572 година), кога биле убиени десетици милијарди илјади хугеноти од страна на католиците како дел од верска војна, на Балканот не беа создадени концентрациските логори на фашизмот, ниту овде беше создадена атомската бомба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пријатното дружење и атмосферата што беше создадена придонесоа да се заборави на времето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа рубрика како да беше создадена само за неа и нејзиниот бурен темперамент затоа што не можеше да замисли да биде затворена во студиото.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во таа самотија за која не беше создадена, оти куќите се градат од луѓе за да бидат полни со луѓе, нејзините празни соби се полнеа само со сеќавањата на сите тие години во кои ги живееше животите на своите сопственици.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ја градеа заедно и заедно остануваа во неа сите изминати лета; ја знаеја како дише секоја педа од нејзините простории и ги имаа во рацете сите допири на сите греди, од кои што беше создадена таа, а тоа можеше да трае сѐ до есеноска, кога ја напуштаа, сигурни дека напролет пак ќе ѝ се вратат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А оние беа создадени за да тонат во она, што ги обземаше во својата бесповратна неумоливост, и тој беше фатен во тие шепи и никако не можеше да им се отскубне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беа двајца пријатели и беа создадени за да бидат вакви цели во себе и сами и судбината како да ги имаше одбирано за да ги сретне еднаш, во еден ваков ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На сите работи, што ги започнуваше, не можеше а да не им се даде сиот така што да не остави ниедно делче од себе си вон, беше создаден таков.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Исусе Христе, не! Ако воопшто постојат луѓе што ми делуваат како да имаат дарба, тоа се - секогаш тие - Пол Моран, Рамиз, Барбис, типови што беа создадени за тоа.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Југославија, која беше создадена и со силно влијание на францускиот претседател на Републиката, Жорж Клемансо, до последните моменти на своето постоење беше бранета од јакобинистичка Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)