Градниот кош беше тесен како на костур: нозете му беа толку тенки што колениците изгледаа пошироки од бутните коски.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Животниот простор, кој и онака беше тесен, стана уште потесен.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Влезот ѝ беше тесен и снизок, ископан во земјата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јававме по една присоина обрасната со папрат. Патеката беше тесна, толку тесна што на неа не можеа да се разминат ни двајца пешаци, а камоли коњи.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Чардакот од нивната богата куќа беше тесен за неа; бунарот во авлијата плиток за кофата што ’рѓосуваше во која таа влегуваше сосе калци; маштеницата не се пиеше инаку освен направо од ѓум, а бакарданот се шмукаше како да е сок од дренки.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Застанаа двајцата на оној засек што беше тесен и за еден, а камо ли за двајца.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Нестрплив што губи време, скокна, не мислејќи на телото и облеката. Јамата беше тесна.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Реката на тоа место беше тесна и длабока.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Јаката му беше тесна, ниска, така што неговиот врат, и покрај тоа што беше кусичок, подавајќи се од јаката, изгледаше необично издолжен, како кај мачињата од гипс кои нишаат со главата и кои руските странци, дури и по десетина, ги носат на глава.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)