бев (гл.) - цел (прид.)

Го држев во рацете стутканиот лист хартија кој го беше напишал Татко. Тоа беше цел еден живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога вистината ќе си беше цела, непроменлива, само тогаш сакаше да ѝ ја соопшти.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Напразно беше целата пропаганда дека Организацијата ќе ја донесе слободата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој на дело покажуваше дека се бори против Турците, а ги штити христијаните. Не бараше ништо од селаните, а плаќаше сѐ што земаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие беа цело стадо, а за нив се грижела целата улица во која беше мојот хотел.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Прво го гледаш како се тркала во водата како морско прасе, потоа го гледаш низ нишанот на пушката од хеликоптерот, потоа беше целиот издупчен и морето околу него поцрвене и тој потона ненадејно како низ дупките да се наполнил со вода; Публиката се дереше од смеење кога потона.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бев целата некако збунета, но бев свесна дека убаво изгледам.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Косата му беше целата залижана нагоре, а големиот орловски нос беше главен декор на неговото лице.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Бев целата замаена од тоа што ми се случуваше и наполно ирационална.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Неговите приказни беа цели испомешани. Ги мешаше Клерк Гебл со Стен Лорел и сл.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дента беше цел ден во офицерскиот дом на последните припреми, отиде до дома на кратко да се истушира и спреми, се облече во едноставен светло лилав со ситни бели точкички фустан од жерсеј кој на ивиците беше украсен со едноставни дантели.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Томаица не зборуваше, но беше целата зајапурена во лицето, а солзите молкум ги бришеше со шамивчето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Томаица беше цело време позади бината, спремајќи и облекувајќи ги моделите заедно со Тамара, додека Исидора беше со гостите во салата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дури и печката гореше некако без шум, иако беше целата усвитена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Марија беше целата во шок.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Речиси на сите улички во Картагина беше поставен по еден наоружан војник или полицаец, како и наоружени лица во цивилна облека. Најверојатно Палестинци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нашата резиденцијата беше целата опколена: војник до војник, секој со пушка со бајонет или калашников во рацете.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кандидатот што беше повикан од комисијата излегуваше како да беше целиот посипан со студена вода. Му играа вилиците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
-Каде беше цел ден? -Ќе ти раскажам како за еден ден го пронајдов мудрецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Живеевме во тој мал миг на одложената несреќа. А таков беше целиот живот на нашето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)