Но, сепак, не беше докрај сигурен за какви записи се работи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко длабоко во себе беше убеден дека и Климент Камилски не беше докрај начисто за ослободување на јазиците од опасните османизми, но сепак не му се противеше на предлогот да работат на проверка на нивните два балкански мајчини јазици, односно на чистење од опасните османизми.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Бргу се разбудив, не бев докрај начисто дали вистински сум спиел.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ние, да, јас бев сигурен дека тоа ние, тоа сознание за взаемноста сплотена во три букви, во миговите додека го чекавме отворањето на судскиот процес, за мене и за Ема не мораше ништо да значи, и не значеше, оти тоа беше изум на иследителите, но исто така бев сигурен дека во тоа наше ние, за кое никогаш не бевме докрај свесни, а го живеевме, сега, додека секој миг на исчекувањето во судницата безмилосно не раскинуваше, ние бевме изделени од самите себе и не се препознававме во некој важен дел од нас, оти бевме најдалеку од можноста за рационално растајнување за себе и пред самите себе за учеството во него.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Мајка ми ја пеглаше мојата кошула за пиење која не беше докрај исушена. (Ќе се исуши ли некогаш воопшто?) Баба ми сè уште не беше умрена.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Поднаучи Мехмед паша многу за историјата на градов: сам бараше, читаше и вртеше стари ракописи што ги порачуваше дури од Цариград: беше и еден од малкуте Турци што не беа докрај опијанети од славата на полумесечината: и кој знаеше дека и пред нив овде имало не само живи, туку и славни.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Иако, вака патем изнесени, овие преокупации на критиката беа значајни, резултатите до кои се дојде не беа докрај релевантни за разгледувањето на литературата, особено на онаа литература што ја создаде Чинго.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но и татко ми не беше докрај начисто со комунизмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дали беше докрај искрен кога одговори онака необврзно, дури и без да размислува, со ноншалантност што инаку отсекогаш ја отфрлаше како недостоен начин на однесување?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)