Тоа беше заправо кај него старо, испитано чувство, тој ужас, но сега се будеше по нов повод.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Четата се построи, Толевите другари се одделија и застанаа на страна со Толета, a Петре ја зеде пушката откаде што ја остави Толе и отиде кај него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За час се измешаа и, место предвидуваните пречканици, овие „диви луѓе" сред пустата гора почнаа да се прегрнуваат, бакнуваат, удираат по плеќи, да си стискаат рацете како вистински браќа, што и беа заправо.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)