бев (гл.) - онака (прил.)

На земјата остана сега веќе засекогаш неподвижниот леш: но лицето веќе не му беше онака скаменето како за време на неговиот мртов живот; беше изобличено со грчот на човечки страв и надеж...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И најпосле нешто се прекина... Старецот во себе слушна пеење и здогледа непрегледна трака како доаѓа и го прекрива целиот свет... Неговата душа заминуваше во нова, непозната сфера на постоење... 80 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Влакното по неговото телце веќе не беше онака излепено; тоа беше суво и се згреа, потсветнуваше суво и добро згреано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислам дека ќе можеше да биде многу поинакво, она, што го имавме вчера со дивото ѕвере низ шумиве, да беше со мене барем уште еден човек, да не бев онака сосема сам - еден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нејзиното доаѓање беше онака како што таа го замислуваше. Спектакуларно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Финалето беше онака како што и се очекуваше – секој ја ебеше во по една дупка дебелата Симона.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Биеше право во неа и таа светеше, беше онака, пред мене, до самите мои колена. Не мислев отпрвин ништо, се колнам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сѐ беше онака како јас бев оставила.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Со Луција никогаш не бев онака како што маж со жена треба да биде, иако тоа тогаш го посакував како никогаш подоцна во животот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)