бев (гл.) - предоцна (прил.)

Сега можеби и беше предоцна, кога сите подготовки беа извршени, главните речници за турцизмите во балканските јазици беа консултирани и претстоеше подготвување на листата од сто зборови од кои требаше да се состави на крајот речникот на турцизмите кои требаше да бидат отстранети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сврделот, заедно со тој Ѓунијата, после, кога ни се врати капитализмот, се обиде да премине од комунист во националист, како што правеа сите тие, ама веќе беше предоцна, беше престар да скрши и од оваа погача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можеше да има малку подолги нозе, исто така подоцна заклучи авторот, но тогаш веќе беше предоцна за тоа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На враќање од Лагадин, ако не беше предоцна, навраќаа во некое диско, најчесто во „Мусандра“ после што, доцна по полноќ, Едо имаше чувство дека толку многу сè му е потокмено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Елена, Елена, да ти кажам! - извика Бојан трчајќи по неа, да ја пронајде во темнината, да ѝ го открие своето срце, да ѝ каже каков необичен подарок има за неа, но за такво нешто веќе беше предоцна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но тогаш веќе беше предоцна. Тој ќе ја изгуби ногата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но, да го знаев тогаш она што го знам сега – односно, дека самиот наслов на предметот ќе го чини Универзитетот на Мичиген речиси онолку време и напор да го брани колку што му требаше за да си ја одбрани доследната примена на позитивната дискриминација во своите приемни политики – сигурно ќе го наречев некако поинаку. ‌Меѓутоа, откако почна контроверзијата, веќе беше предоцна да му се менува името на предметот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мајка ми ме пресече со исплашен поглед, но беше предоцна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога во шеесеттите родителите започнаа згрозено да констатираат дека нивните деца имаат сосема поинакви погледи на суштинските културни и политички прашања, беше предоцна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Генерацискиот конфликт беше веќе тука.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денес постои црногледа индустрија, што се грижи за редовен приток на мрачни прогнози за состојбата на популарната музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)