бев (гл.) - разбирливо (прил.)

Ресторанот веќе беше исполнет со гости до последното место, беше зачаден и бучен и тоа ни даваше за право да му се подадеме на тивкиот пламен што потајно нè обземаше создавајќи флуид во кој сите бевме едно: низ сивиот превез, на масите околу нас, гледавме луѓе кои личеа сè повеќе на нас и зборуваа нешто неразбирливо исто онолку колку што нашето зборување беше разбирливо за нив.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со оглед на тоа дека во Бугарија има циркуски уметници со висок уметнички дострел, сосема беше разбирливо што во Софија е организирана и циркуска балканијада, со учество на претставници од неколку балкански земји.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Освен ова се беше разбирливо. ама крајно и безпоговорно ја прифати вистината дека во тоа општество сите ќе бидат еднакви.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)