Решението на целата бригада беше строго и неумоливо: да се отстрани тој пакосник од нивните редови!
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Се знаеше дека членовите на Партијата не треба да влегуваат во обични продавници „ што работат на слободниот пазар“, како што се велеше ), но правилото не беше строго почитувано, затоа што до различни работи, како што се врвките за чевли, или жилетите, не можеше никако поинаку да се дојде.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа да не беше јас немаше ништо да дознаам, та од кого ќе слушнев кога во нашето семејство беше строго забрането да се зборува за тие работи?
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Зашлапаа во мракот и кога излегоа од кругот што беше строго чувана зона, Кикицас застана. Седна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Новите палестински лични карти и пасоши беа само влезници за претставата на тој театар...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
По дома муабет за дечко беше строго забранет и немаше таква категорија на роднина додека не се даде збор или свршувачка, ама затоа постоеја другари, блиски, блиски... па кога ќе раскинеш, оп - нов другар, уште поблизок, ама овој е најдобар по физика и, всушност, ти прави чест што секој ден одвојува време да ти потпомага во градивото.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Арафат во себе беше начисто дека беше дел од израелскиот политички фолклор, во кој улогата како претседател му беше строго ограничена.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)