бев (гл.) - таму (прил.)

На почетокот негова, како и на на останатите негови колеги кои беа во иста положба, беше идејата да се покрене тужба преку правната служба на матичната синдикална организација на „Филком“, но оваа идеја подоцна се изјалови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А до каде одеше самоувереноста на тамошното раководство, 181 дека никој ништо не им може, говори и податокот дека по утужувањето – кое се случи во април 2010, а пред судењето во Основниот суд Скопје II, полномошникот на „Охис“, дипломиран правник која беше таму вработена (Р. Николовска) му се обрати на најмениот адвокат од Величковски (Д. Аргакиев) со зборовите: „Па што ако тужи кога нема ништо да добие“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Често детството се меша со рајот. Ние со козлето бевме таму.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Работата во „Време“, додека бев таму, не ми се чинеше доволно важна. А сега гледам дека тоа било акција.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не бев таму. Се борев со мислата. Ќе биде во ред... ќе успееме... ќе стигнам на време...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Неколку минути откако се обидував да ја совладам веста се јави Гоге.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И Коса и Ролинг Стоун беа вистински спој на контракултурата и комерцијалноста и, секако, беа вистински бум.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Утредента, по емисијата, во Фектори стигнаа педесет пара бели фармерки - благодарност на Леви штраус за бесплатната реклама. (...) Во ноември почна да се прикажува хипи мјузиклот Коса, а тој месец излезе и првиот број на Ролинг Стоун, рокенрол часопис од Сан Франциско.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тогаш се вративме во Фектори и ја одгледавме емисијата со останатите кои беа таму и дури ни после тоа не сакаше да го прифати фактот дека беше лоша. (Тоа го сфати многу години подоцна кога се симна од спид, тогаш и стана страшно непријатно заради таа емисија).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со години работев сам во гаражата, а реакциите за тоа што го работев ги добивав дури откако стриповите ќе излезеа од печат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се потпишав на маичката и тогаш сфатив дека тие беа таму да протестираат против прикажувањето на Исус од Монтреал.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- И јас бев таму.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој беше таму, на работ од светлото, одејќи кон Подот на смртта со мирнотија на турист.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кога ги отвори очите, за нејзина утеха, воденичката повторно беше таму каде што требаше да биде, на своето место, и силата почна да ѝ се враќа во рацете и во нозете.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нејзиниот мирис беше таму, но тоа не знечеше ништо, зашто собата секогаш беше исполнета со нејзиниот мирис, не само од парфемот на нејзината пудра за лице и помадата за лице што ги употребуваше, туку и од нејзиниот сопствен специфичен мирис, кој ѝ беше во здивот, на косата и кожата, и кој беше битен елемент за неговата страст кон неа, нешта што сега го револтираа, зашто и мирисот и нејзиното тело ја играа главната улога во неверството.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И кулата секогаш беше таму, пред неговите очи, за да го потсетува на она што не можеше да го заборави.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И брат му не беше таму.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Инаку таа сѐ уште беше заробеник на болката зашто таа беше таму како некој чувар кој постојано набљудува и демне.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако едноставно го свртеше лицето кон нејзината страна на креветот, или ако се обидеше под покривката со раката или со ногата да го почувствува нејзиното присуство, ќе дознаеше дали таа беше на креветот, но тој не го стори тоа зашто ако таа беше таму и ако беше будна, ќе може да исконструира дека тоа е знак на прошка или за негова потреба од неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И бевме таму; го гледавме газдата како вози, како ги искачува ритчињата, како ги совладува пречките, како ги прескокнува долчињата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знам какво слово му изглаголи на логотетот, оти видов, а видов оти бев таму, скриен зад вратата од одајата на логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа работа нема крај, и трае, еве десет лета божји веќе, откако ми ја даде оној кого го исцелив; кога вечерва ја побарав во одајата, штичката не беше таму.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тоа во недела наутро. Бев таму и ја разгледав населбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сфаќам зошто токму таму ме оставиле и тоа пред портата на црквата, која и не постоела кога сум се родила.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- По болницата мене во куварите ме ставија, најстар бев таму, од третата година на раѓање.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- За непријателот да не остане - едноставно одговори дедо Васја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Иако пред некој ден бев таму, одново ме обзеде возбуда и долго останав простум загледан во тој прекрасен и незаборавен пејсаж од кој тешко откинувам очи и чувствувам неизмерна тага.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Спасот им беше таму каде сега ние ги бараме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Солзите ни се мешаа со снегулките кои ни се топеа на лицата.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најмногу сакав да бидам во собата на брат ми кога и тој беше таму.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стотици девојки и жени бевме таму околу јамата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А знаеш како беше таму?“ „Знам,“ реков поспано. „Ми имаш кажувано.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седнував во аголот од малечката просторија, и гледав како неговиот поглед се движи по страниците од книгите, како неговите усни се придвижуваат дури немо ги изговараат прочитаните зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше само еден гол срт, како и сите други голи сртови, некаде зад него беше огрејсонцето, а сето она што беше таму, можеше да биде само сон, ако не беше уште онаа црнка, што сега се спушташе полека надолу по чардакот на замрзнатиот снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не, жено, ќе си останев јас на коравата смолница. И сѐ уште ќе бев таму да не ги собраа козите и да не ја заковаа земјата во колективите. Бевме меѓу чеканот и наковалната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А да не беше тоа, да ни направеа пат, троа да ни пуштеа струја сѐ уште ќе си бев таму во опинците кои не ме глоцкаа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Арсо беше таму - во својата вистинска реалност, во својот поминат свет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се искачив на копата за да извидам дали гори некаде нешто и го здогледав него, уште додека беше таму, зад Зедница.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние не им бевме таму, во Прилеп, вели Боше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Клекнале така и му кажуват: - Таа вечер - рече - ти, ко бев таму кај тебе, многу се натрпив, се разочарав толку и не ми беше мила животта.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш со денови гледав како зад правливите прозорци на работилницата – ја викаа фабрика – се трупаат нови предмети: ѕидни полици или масички за радио кои не вредеа ни колку туткалот што се трошеше за нив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така го минував времето, ден за ден, речиси две недели – во канцеларијата на тој неинтелигентен човек, кој самиот себеси се сфаќаше сериозно, и, згора на сè, се сметаше за уметник зашто понекогаш – додека бев таму, тоа се случи само еднаш – го гледаа како стои крај масата за цртање, работи со моливи и хартии и црта некој расклапан предмет, полица за цвеќе или нов вид домашен шанк, некаква мака за новите генерации потрошувачи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Апаратот беше таму за преку ноќ да создаде одредена макромолекула.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Да, секако дека беа таму: и Типот кој ги мие рацете, и другарите од празните рамки, и Потомците на блиската роднина (освен мојата маленкост).
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Само требаше да се стигне до амбасадата. Шифрантот Иваз сигурно веќе беше таму. Живееше веднаш до амбасадата. Така предвидуваа прописите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
БАРОВО Веднаш потоа дојде сестрата на снаа ми и ме зеде да поседам кај нив, во село Барово, Тиквешко, никогаш дотогаш не бев таму.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога го стори тоа, иако многу добро знаеше колку е опасно да покажува премногу интересирање, тој не можеше да се воздржи да не го прочита уште еднаш, колку да се увери дека зборовите навистина беа таму.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој беше надвор на светлина и на воздух, додека тие беа вцицани долу во смрт, и беа таму затоа што тој беше тука горе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но Калија веќе не беше таму. Ја зела чезата, рече татко му Пајко без глас, и штом слушнала дека е тој в џамија, тргнала уште со ден кон манастирот „Свети Никола“ во Кожле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Потоа, тој влегуваше во малата куќичка од штици веднаш до трансформаторот (јас еден ден бев таму и видов како изгледа тоа), се погледнуваше во огледалцето обесено на ѕидот, а потоа го вадеше шишето со ракија и го ставаше на малото тезге довлечкано од кај браната додека таму се градело. Тоа сега служеше како масичка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас бев таму, но дали знаев точно дека сум таму?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тракторот стигна до над куќата на Симона, братот на Борко. Тој беше таму, стоеше простум, висок, рус, и подвиткан во градите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сакаат да суи бидат сами, како што си бевме таму, во Гаково.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
— Ајде, море, во земникот, прави ошче една прва вечер! — и отаде да внесе рогузина во земникот, а покровите и така беа таму на одерот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Убави, милите лисичиња зелени, мили, мили милиии!“ — се разговараше Нешка, се разговараа две китки која од која поросни, помлади, поцрвени, поубави, а мислите на Нешка ѝ беа таму далеку во планината, во Зелка, во Ѓурѓишта, во Ѓурѓовиот камен, Козјак, Трибор, Перун, негде, негде во Рожденската или Книнската планина, каде што он, тој мочко нејзин, бере дрва со магарињата и нови, нови, стопати поубави китки ќе и донесе нејзе да ја израдува, оти преку нив таа го имаше и го чувуваше самиот него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја прекина Мајка: – Молчи, мила, молчи, заборави го, истерај го од приказната грофот Чано! – Како да го истерам од приказната, кога тој беше таму.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Барем децата ќе си видат кои бевме таму, што криевме ние од нив!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Исчезнав и ме има А бев таму и бев тука Отсатноста чука, клука Исчезна и те нема Штом ме нема земај Од отсатноста, таа... тука.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
И вашиот тигар како да беше таму; се чинеше дека оттаму потекнува неговата последна проѕевка! Нели, чудесно сафари!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Особено од моментот кога беше спомнат Сремскиот фронт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Овој беше таму кога ѝ реков: молчи мори, не арчи си ги зборовите, денес ќе престанам да пијам пиво, поминувам на бира Господ Саздов постојано се меткаше, како да сакаше нешто да рече.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Влезе во станот и не ја виде жена си ниту ѝ го чу гласот, но таа беше таму, па тргна кон столицата сакајќи да остане незабележан, но таа го гледаше додека ја допираше столицата и додека немо седнуваше. Седеше долго така. 85
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Колата сѐ уште беше таму. Можеше да се види при убаво време, кога реката тече мирно, а калта на дното е сталожена.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Да, ѕвездите беа таму, отпрвин притулени, но со сјај што се засилуваше на јасното, опустено небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И сѐ уште беше таму, топла и нежна додека заспиваше, а светот беше тивок и месечината бродеше угоре па потоа долу кон студеното небо, спроти утрото. 40
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зачув глас како повикува од небото, а кога погледав нагоре беше таму: змеј на небото со човек во челуста, змеј од хартија и бамбус, обоен со бојата на сонцето и бојата на тревата.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Знам, зашто бев таму.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Такви бевме таму тукуречи сите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Плукнав на навредата зашто душата ми беше таму каде што орелот лета високо, ама хитите и мавроскуфите ме зграпчија...6 Потпишав... Потпишав...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас, вели татко ти, бев таму, шетав по тие простории, знам како изгледа сето тоа, но ти ми ја отвори вистинската врата. Благодарју маја голубушка“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И Миле беше таму. Тој се бесеше на мостот и трчаше по решетките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Никогаш не го сакав многу Миле, па му завртев грб и тргнав накај Мони и Бистра.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Да бевме таму, Теми сигурно ќе беше МИС!“ го прекина читањето Мими.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
За него директорот на училиштето ни зборуваше, кога бевме таму.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Многу време поминував со него во паркот, дури и кога студеше ние бевме таму.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во собата на Ангела скоро и да немаше светло и насетив некој чуден мирис и чад, а не ми се допаднаа ни момчињата што беа таму .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се свртев. Гил понекогаш беше таму, но сега увидов дека тој е дете, дека има големо тркалезно лице со насмевка.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Само што дедо не беше таму да ги употребува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„... Кога влегов во канцеларијата на секретарката, таа не беше таму.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој стаса и тука во Битола да се поврзе со еден од поштата, едне Јашарот го викаа, еден никаквец што им ги отвораше приватните писма на луѓето за да не најде пари во нив и едно женкариште до зла бога, кој секој ден со камионче патуваше до Струга и назад, ја носеше поштата меѓу „нашите“ две држави демек префрлаше преку граница од Бугарија во Италија или Албанија, кој ќе знае која држава беше таму и назад.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вистина, уште ќе беше таму, ама барем жив...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)