Брзаа и трчаа да стигнат некаде уште послободни, уште посами, уште во поскришен честар, каде ни господ одоѕгора не ќе може да ги види.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Колку да беше тивко времето, колку сонцето силно да печеше, овдека, во Суши Кутол, жегата не можеше да ги испоти патниците од брзото одење на наугорништето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сѐ беше тивко и мирно...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тоа војничката труба ги викаше турските војници на ноќен починок...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Беше тивко. Се плашев од тоа татко ми што можеше да го каже.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Повторно се вовлече под чаршафот и, штом се смести на своето место и кога пак сè беше тивко, по дишењето на Даниел, откри дека и тој сè уште беше буден.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Под ѕидиштата на манстирот беше тивко и жешко, лисјето на оревовите гранки висеа неподвижно, мртво.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во црквата беше тивко. Мијале клечеше пред олтарот и со стиснати дланки на ушите го лепеше челото на камениот под.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Беше тивко и мирно околку нас - личеше на маѓепсан град, чии жители го чекаат денот на престанувањето на магијата. Речиси шепотевме меѓу себе.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Сѐ беше тивко. Цврсто ја стегаше раката на градите.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)