бев (гл.) - толку (прил.)

Тој формално сфати дека ја пие крвта на сопствената ќерка, но тоа сознание беше толку оддалечено и непотребно, како кога би знаел дека некаде во Австралија паѓа дожд.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но кога почна стварта, кога сите се откачија, почнаа да ни доаѓаат деца и да нѐ тапкаат по рамо. Тоа беше толку слатко.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Чудно, притоа не чувствуваше никакво задоволство!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Во почетокот обајцата се чувствувавме прилично самосвесно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Одговарав на широко, како да нему му беше толку важно тоа што правам јас.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Татко ми во основа не беше толку уплашен за ната­мошниот развој на својот син партиец, колку што не мо­жеше да се разбере себеси, ги бараше причините за својата постојана неутралност, за емигрантската готовност за ком­промиси, таму каде што објективно можеби и немаше причини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да, со татко ми можеа секогаш лесно да расчистат, но се плашеа од Чанга, Татко ми, впрочем, не беше толку наивен за да не насети од каде демне опасноста, тој секогаш некако, дури инстинктивно, ја насетуваше, и кога за тоа немаше конкретни индиции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но тие не беа толку наивни па да му поверуваат, зашто и гласот на Чанга трепереше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во него лутината и спокојот, бесот и добрината, чемерот и радоста, моќта и немоќта беа толку испреплетени, што тешко можеше сам да ги раздвои.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше толку добро информиран, што не можеше никогаш да биде оптимист.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некои од нив беа толку недоверливи, што бараа од Чанга да им покаже каде точно пишува за волкот што се готви да ја нападне козичката, макар што сите беа неписмени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Силите што беа за помирлив тон со козарите и козите не беа толку бројни и гласни, зашто се плашеа од изразито антикозарските кадри, кои беа готови да ги манипулираат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оној збор што ми беше толку важен го заборавив.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Што ќе беше толку неприродно, ако на резервоарот се ставеше една спомен табла?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бев толку исцрпен што не бев во состојба спрема него да покажам дури ни презир. Излегов на улица, меѓу светот, како на соне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, по пат, изгледа, изумив да спомнам дека барајќи го проклетиот влез на зградата, каде придавката „проклет” има многу повеќе од само доопишувачка епитетна вредност, размислував за човекот кој беше толку музички талентиран што не можеше да го издржи притисокот и товарот на славата, па реши да се повлече во манастир и целата своја неродена музика, сиот талент што Бог толку дарежливо му го беше доделил, реши да му го врти нему.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Е, ама нели секој чекан си има своја наковална, па бидејќи не беше никаков исклучок од физиката и биологијата (додуша, нему, не му беше толку наклонета биологијата, па затоа се занимаваше со психијатрија), се ожени за една кротка овчичка, која на секој негов приговор му одговараше со „Бееееее!“
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Нашата љубов беше толку голема и интензивна затоа што секој миг чекавме да згасне, да исчезне, да ја снема засекогаш.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Иако, мајка ми отсекогаш сакаше девојче и во периодот на блаженост, од полиците на дуќаните ги имаше испразнето сите розови тантели, кои подоцна мораше да ги носи брат ми (фала му на бога што не се сеќава на тој период, а и фотографирањето не беше толку зачестено хоби).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Желбата беше толку силна што чинам дека брзаше да им се придружи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога се преселивме во Македонија, односно тогаш Југославија, бевме толку многу сиримашни што понекогаш немавме што да јадеме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А тој беше толку многу радосен да ги собере сите и од возбуда и еуфорија навистина правеше лудории.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Меѓу управувачот и седлото имаше метално седленце во кое совршено се вклопуваше перниче и мојот мал задник.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Додека траеше погребната церемонија болката беше толку силна што тогаш мислев дека е врв на издржливоста. Се излажав!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сега знам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го држевме со два прста од раката за да не ни се потроши.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не оти тој немаше пари да си купи... секогаш кога доаѓаше на себе имаше фармарки и половина Германија со себе спакувана во подароци.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но, најинтересно беше тоа што таму воопшто немаше алкохол (скапираа дека беше невозможно да проверат илјада клинци дали се полнолетни или не), но, на крајот, тоа никому не му пречеше.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мо, тапанарката, беше толку слатка и срамежлива што не ми беше јасно што воопшто бара таму.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Џон Кејл обично седеше во дневната соба, ја држеше својата виола и не се поместуваше по неколку дена.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Клинците веќе не сакаа да пијат - дрогата беше нешто ново, алкохолот беше толку старомоден.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, по тактот на таа музика играа двојки, играа до бесвест, правејќи чудни движења кои прилегаа на тие од сечачите на дрво кои, предизвикувани од грамафонските стереозвуци, некогаш беа толку засилени што изгледаше дека ќе го разнесат на парчиња сиот клуб.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наоколу имаше и густи шуми, но дрвјата беа толку побелени од снег, што малку прилегаа на себе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ноќ на плоштатката Тертр Итав кон плоштатката Тертр, но во себе криев една неверба дека во првите ноќни часови ќе сретнам некого од нив, зашто, сепак, јануари во Париз беше толку студен, та не дозволуваше да се работи на отворено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Поаѓам од себе: синоќа бев премногу меланхоличен, а одамна не ми се случило тоа, дури депресијата беше толку силна што прозаично се зачудив како се најдов во тој стадиум.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тука се појавуваа еврејски весници на француски, функционираа училишта на Аллианце Исраелите Универселле, имаше банкарски куќи како Тиано со експозитури во Париз, Трст, Џенова, Марсеј, Лондон и Женева, а во градот дејствуваа клубови што носеа имиња Церцле дес Интимес, Нувеау Цлуб, Церцле де Салониљуе...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Двајцата се воодушевуваа од севозможната, етнички мешана и така питорескната костимографија на градот и особено на нивните едноверци - некако не им одеше веднаш да кажат „сонародници” зашто беа толку различни од нив - од кои најголемиот број беа скромни луѓе, постарите сѐ уште облечени традиционално, со фесови, антерии, широки женски здолништа со долга престилка и специфични женски капи што ѝ личеа на дајриња ставени на глава и врзани под брадата, сите дотерани на туѓ, ориентален начин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Колку побелел! Не беше толку бел.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа барем беше толку јасно, стига да размисли поприбрано.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Што ли беа толку зафатени?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да, неа уште не ја оставаше надежта. Таа сепак беше толку паметна да процени дека Пискулиев е исти страдалник како неа, да го промери и да го сфати како што тој можеби не би знаел да ја сфати неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Всушност, на платното немаше ништо друго освен кругот и потписот, но авторот беше многу љубезен и несебично одвои време да ми ги воочи горенаведените подробности, а тие беа толку очевидни, што ме фати срам поради моите глупави и излишни прашања.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Тука сѐ беше толку безбедно и тивко.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да се потсетиме дека Прометеевата казна се состоеше во тоа да си ја разорува и прождира сопствената утроба („сакав да ја искорнам сопствената утроба зашто беше толку многу гладна”), додека беше закован за карпата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сакав да ја искорнам сопствената утроба зашто беше толку многу гладна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Андерграунд стриповите беа толку расипани, полни со билокакви халуцинантни, анти-цајкански и анти-родителски глупости, додека Линда се движеше во сосем друг простор. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Пред другите се обидував да бидам поинаква одошто сум, за да им угодам. а и затоа што тоа (нејзиното јас) беше толку исполнето со омраза и разурнувачки потенцијал, што сѐ што ќе влезеше во него не ќе можеше да опстане.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Се сомневаш? Еве, ќе видиш - уште малку и готово.“ Тврдоглаво го убедував. „Уште тркалата да ги прицврстиме.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не знам колку време поминало во тоа неподвижно лежење. Секако беше толку - колку да се одмориме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја земавме бебешката количка, ја ничкосавме со тркалата нагоре, со чекан и со клешти едно по едно ги откорнавме четирите тркала.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не беше толку тешко колку сечењето со пила.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Навистина, при секое среќавање со него паѓаше понекој од аскерите, по некој се рануваше, но тие беа толку многу што на секој Толев четник броеја по цела стотица, та бимбашијата не се плашеше оти Толе ќе ги истепа сите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Татко му, Сиве Јованов, беше толку сиромав, што одвај вадеше парче леб да ги храни двете деца и жената.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе ја осети сериозната опасност и сакаше пак да направи маневар со преоѓањето преку Црна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Едно лето Сиве си го зеде магаренцето и косата и отиде во планината да накоси некој врзом трева за зимовиште да не му умре магарчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Луј Фердинанд Кога 1981-та во извонредната Нолитова библиотека на романи, се појави Патувањето на крајот на ноќта, тоа беше толку значаен културен настан што следните години целата тогашна книжевна сцена на СФРЈ беше обележана со генијот на Селин.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дедо ми имаше докторат! Беа толку малку успешни, зборуваа: бизнисот е она вистинското, тој ќе успее во бизнисот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таа беше толку тешка, невозможна.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Низ гужвата почуствував некоја мешавина од евтин парфем и испотена мишка, но таа смрдеа и не беше толку страшна колку онаа духовната која лебдеше низ воздухот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но нивниот сајт беше толку малку читан па се поставуваше прашање зошто чика Суруш однадвор фрла толку пари за толку неспособни суруши.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Ако сите бајачи беа толку способни сите ќе уплаќаа лото.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Веруваше дека така ќе биде и овој пат, макар што неговиот живот и неговото судење, на Балканот, беа толку комплексни, комплицирани и извртени, што интуицијата можеше Чапаева да го одвлече во друга насока.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во некои моменти, во Татковата свест, средбата се предимензионираше, а напати беше толку истиснувана, небаре никогаш не се случила.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татковиот дух беше толку разбрануван, но и отворен, што сега немашесила што можеше да го оттргне од занесот и од свеста за величината на откритието.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Знаејќи какво е нивото на колор-печатот во Македонија малку потреперуваме како ќе испаднат феноменалните слики на А.Станковски, но како испадне - испадне, парите беа толку, се потрудивме максимално сѐ да биде океј, работата е во рацете на Господ&печатарот, а оваа земја е толку бедна што ни поспецифична хартија во неа не може да се најде...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Разбојник и Пиерот беа толку вообичајни, како никогаш да не остареле, иако и обајцата имаа по триесетина, можеби и повеќе.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тозлун-бег не беше толку прочуен со своите војнички способности колку со својата свирепост.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Всушност никому не му се спиеше, зашто сè беше толку убаво. Просто волшебно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вистина, тие не ги познаваа загинатите овчарчиња, но настанот беше толку потресен и толку грубо се вмеша во нивниот весел, безгрижен престој во планината, што и ним ништо не им се милееше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Животното беше толку мило, толку нежно, а од очите му зрачеше преплашеност, изненадување и кроткост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа и не беше толку лошо и неинтересно, зашто во празнината што постоеше од тој дедо Велко па назад, Бојан смислуваше и сместуваше разни личности, разни настани од турско и пред турско време, одеше дури и до стари царски времиња, во што се помагаше со сето она што го беше учел по историја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега снежните ѕидови од левата и од десната страна беа толку високи, та Бојан меѓу нив не се ни гледаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дрвото беше толку тврдо, толку суво, што ударите на секирата во него како да не беа допир меѓу челик и дрво, туку судир на челик со челик.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Имено, Гого беше толку темпераментен, или ако сакате толку неорганизиран, што сликаше стоејќи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во меѓувреме, велгоштани беа толку загреани од черешновицата што станаа откај жените на веленцата и со шишиња пиво во рацете се фатија на оро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Членовите на колегиумот кимнаа со главите, но како уредници на редакциите не беа толку категорични, па дури беа и сомничави, и се двоумеа по однос на пројавените способности кај доставениот кандидат.  Кадровикот ја разбра работата, па ја предложи преостанатата можност - не сакаше самиот да се наметнува на колегиумот, особено во отсуство на директорот, но не дозволуваше ни да биде игнорирано неговото мислење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Каков ден, убав ден! Уште не беше толку топло за да се влезе во студената езерска вода, барем за луѓе на нивна возраст.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога бевме толку нагнетени во утробите што мислевме ќе ни пукнат како надуени гајди, во ниедна доба се простивме од гостилничарот и воденицата, па којзнае како се извлековме од темницата на патот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Возот беше толку полн, што беа зафатени не само сите седишта ами и мрежите за багаж над нив, па и празниот простор за нозете под седиштата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гостилничарот нѐ одмеруваше, час Живка час нас, да разбере со кого си има работа, но молчеше и го одлагаше тоа додека детето од кујната не му шепнеше што кола запрела пред нивната воденица; зашто иако навудум неугледен, не беше толку недугав во главата за да мисли дека и денес облеката го чини човека - денес колата го чини човека.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Генералот беше толку задоволен, што го остави докторот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Погледот на Фоте беше толку убедлив, што маѓепсуваше откако самиот претходно беше маѓепсан.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко му беше толку точен, што прв стигнуваше на работа, а последен си одеше, како да не беше шеф. Како Германец, му се смееја колегите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дали беше толку потпрена на него, што одеше со затворени очи, или пак така полесно се чекори кон саканата цел.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако минаа три години тој веќе ја беше толку припитомил и обучил што можеше слободно да ја воведе во куќата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Клекна до горниот дел на креветот и беше толку блиску до него што тој можеше да го почувствува нејзиниот здив, а во нејзиниот здив беше и здивот на другиот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега Рози беше толку убедена во ова, така што стравот сосема ѝ исчезна, а горчината што ја чувствуваше кон Френк беше заменета со нежност и топла љубов.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се сончаше зад куќата. Беше толку мирна што помислив дека не е вистинска.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие беа толку мали што беше вистинско чудо од каде им доаѓаше топлината за да си ги заштитат малите тела од смрзнување кога температурата беше под нулата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не дека тоа нешто беше толку битно, но сепак беше битно да се знае кој бил виновникот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа беше толку природно и неизбежно како што беше денот што настапуваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бидејќи болката не беше постојана, можеше цврсто да ја измачува цел мизерен ден, или само неколку часа, никогаш не беше толку безмилосна за да биде и неподнослива.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стравот од тоа беше толку реален и заплашувачки, што сега Рози почувствува големо олеснување, олабавување на стегнатоста во градите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Двете птици наближуваа. Сега не беа толку црни.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во секој случај, неговата возбуда беше толку нарасната што почнуваше да верува дека не ќе издржи речното корито полно со бистра студена вода да го направи блудна постела.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Вера немаше време, а ниту беше толку брза да го задржи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Поради сето тоа му беше толку многу мило што почувствува како во очите му навираат солзи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во секој случај, прилично брзо успеав да почнам оддалеку да ги разликувам ситните боцкави женски чекори од тромите газења на мажите, Во тоа бев толку напреднат, што по чекорењето успевав да ја одредам не само тежината на минувачот, туку и обликуваноста на таа маса.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Студениот мрак беше толку вдаден по светлината што ја турна и излезе на патот пред Севда.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој беше излезен од своето тело и пливнат во една општа убавина во која се беше толку светло, чисто, јасно, отворено и видливо до онаа страна на постоењето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нему тоа му беше толку многу мило, што му се чинеше дека чувствува како слуша милозвучен пој на пролетна птица.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Што се облачи вака, што се мрачи кога до пред малку беше толку ведро.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тие беа толку многу понесени од работата што во прво време и не забележаа кога Брчалото со жолтеникавиот плик превиткан на две во задниот џеб од панталоните заминал и го нема да се врати.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Секое утро тие денови ме будеше цвркотот на птиците на којшто моето уво беше толку многу чувствително.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Освен тоа, брезничани не беа толку мутави од дрвата што ги набраа на Тумбица да не разнесат и надолу по полските села каде што ги разменија за пченка и пченица, и сега често на огништата се вареа качамаци и во фурните се печеше по некоја погача.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, од друга страна, со тоа што ми заповедаше да тргнам со неа, таа покажуваше бесна немоќ, и тоа беше симпатично. (Боже, можно ли е да сум бил толку незрел и глупав за да не сфатам што сакаше Луција да каже со тоа, и дека бараше да бидам со неа на еден општествено дозволен начин, како другар од партијата; зарем бев толку глупав да не сфатам дека тоа беше единствената форма под која можевме тогаш да бидеме заедно, тогаш кога партиската свест беше посилна и од свеста за физиолошките потреби?) За да ја развеселам, реков дека ќе потпишам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Фустаните беа толку погодени што можев да ги однесам в град и на нив добро да заработам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Еј, Боге, да не се измори? Сакаш ти да се качиш а јас да слегнам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А таквите посети во нашиот живот беа толку ретки што нема потреба да ги барам и да ги извлекувам од долапите на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А виде каде втасав јас?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А тој Боге од Бањи беше единствениот од власта што ми тропна на вратата за да ми изрази сочувство и да ми раскаже за загинувањето на мој Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вториот глас, овој пат ќе го премолчам. Беше толку злонамерен што веднаш решив да го тргнам од умот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше замината премногу далеку за да го слушнам нејзиниот одговор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И да било така, не ќе бев подготвена да го прифатам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Него лично ми го доведе Боге од Бањи, и ме замоли да го чувам како свое.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И не беше толку страшно штом можеш да ме видиш волку насмеана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А во себе си велам: зборовите што ги употребив беа толку добронамерни и од најслатките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира дека се шегувам? Крадец на сопствената радост! Нели, грдо звучи!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие постојано ми шетаат пред очите бележани со боите на неуништивата трајност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тргнав ќорлемечки, а тоа се покажа необмислено! – викнав на глас но притоа се трудев ова да не прозвучи и како поплака.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Момчето и не ми беше толку непознато колку што мислите вие - им реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не му беше толку до рибата, колку што се плашеше од бабата која секој ден го дочекуваше со зборовите: „Пак ли се враќаш со празна торба, старо аро?“
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Го паметам како добар човек и уште подобар шегаџија. Не знам дали неговите шеги беа толку шеговити и секогаш нови кога ги правеше со возрасните, но нас децата тој секогаш знаеше да нѐ изненади и да нѐ засмее до пукнување.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На почетокот на првата средба, тие започнаа со силна расправија, секој презентирајќи различни ставови и контра­ставови; само повремено фрлаа кратки ­погледи кон мене.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По некое време, јас ги прекинав, им се заблагодарив на двајцата што беа толку отворени во врска со своите проблеми и што толку јасно ми демонстрираа како стојат работите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Чекај нешто да смислам. - Добро, смисли, - рече Карамба-Барамба. - Јас за тоа време ќе ручам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Палјачото ѝ беше толку смешен на сенката што таа се засмеа, се заниша на гранката и тресна на земја како презреана дуња.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Вистина е, за да ја сфатите алузијата, треба да имате многу повластено потекло или да сте растеле во италијанско или во уметничко домаќинство, каде што сте слушале опера или сте оделе на опера – или треба да сте поминале низ воведување во машка геј-култура која, иако можеби си се претставува како аристократија на вкусот и иако можеби си се идентификува со некаква општествена елита, со луѓе што одат на опера, сепак, во смисла на своите припадници не е баш ограничена на припадници на повисоките класи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ако случајно не сте сфатиле, упатува на великата сопранска арија од првиот чин на Вердиевата опера од 1871 година, Аида.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со други зборови, членарината за користење на мојана сала беше скапа, но не беше толку скапа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На едно такво воведување во машката геј-култура ќе морале веќе да биле подложени не само лицето кое го напишало известувањено што си го најдов во шкафчено туку и оние што, како мене, си ги отвораа шкафчињата и го читаа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас воопшто не сум изморен – рече Еразмо прифаќајќи ја понудата, а беше толку многу задлабочен во разговорот, што не го чувствуваше физичкиот замор од долгото пешачење.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А детето беше толку радосно кога наставничката Рада ја пофали песната што му ја беше посветил Нему: Во градот пристигна пролет ластовички се вратија в лет насекаде никана цвет до цвет а Тој осамен стои, нашиот Поет.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Исто, како пред излогот на продавницата за електро-апарати, бевме толку близу соочени со светот на чудата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше толку изнервиран што ја слече топлата волнена блуза, ја фрли, и гол, само во маица, стоеше на сред студената соба и викаше со висок глас, речиси фалсет. Беше ужасно!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од порано слушавме од нашите политички комесари дека Тито ни сврти грб, но овој пат обвинувањата длабоко се врежуваа во нас, а јазикот со кој зборуваа тие од раководството беше толку убедлив што кај нас предизвикуваше масовен и хистеричен гнев.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа страшно што ги снајде жителите од нашиот град беше толку многу присутно насекаде наоколу... во нерасчистените урнатини, во луѓето облечени во црно, во изразите на лицата...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но ова за кое тој вечерва со мене зборуваше беше толку тешко.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сето тоа беше толку мачно, и толку тажно и беше лицето, усните ѝ потреперуваа и ми се чинеше дека во секој момент ќе се расплаче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа беше толку искрена, што вакво нешто вештачко не ѝ успеваше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Истовремено знаев дека таа жена сѐ уште не ми беше толку блиска.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Татко ѝ беше толку многу зафатен со работа, што таа скоро не го видуваше ниту еднаш неделно и тоа ако појдеше кај нив.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мојата чинија до крај остана полна, но татко ми беше толку зафатен со тоа да ги нахрани и напие гостите, што одвај ме забележуваше мене, и тоа дали јадам или не, и како се чувствувам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Лежеше склопчена како и секогаш кога спиеше, со свиткани нозе, со главата спуштена на градите, со рацете стиснати на стомакот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Вети ми,“ замоли, „вети ми дека нема да ја заборавиш Клара. И помогни ѝ ако можеш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми рекоа дека умрела во сон; лицето ѝ беше толку мирно, што на него не можеше да се види трага ниту од сонот, ниту од животот, ниту од умирањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше толку силна, а сега е како преплашена птица.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И само очите ѝ беа и натаму живи, иако не со онаа исполнета живост од времето кога се запознавме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш брат ми ме посетуваше во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Градите ни се допираа пред да ни се допрат усните, си бевме толку блиску што ми изгледаше дека од целиот свет постојат само очите на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој за миг ги затвори очите, барајќи го она бестелесно женско суштество кое го наоѓал таму уште од времето кога се разделувал од детството, потоа ги отвори очите и се насмевна, наоѓајќи ме мене пред себе, и одново ги затвори очите и пак ги отвори, како да си ја потврдува сродноста помеѓу тоа суштество без лик, исткаено од светлина што трепери пред неговите затворени очи, и мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Усните ѝ беа толку закоравени, што со мака ги составуваше зборовите – таа и натаму му шепотеше нешто на Макс.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За да ја насликам, требаше да ја убијам, а тоа беше штета, животинчето беше толку убаво… “.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега имаше добар ‘пивски’ стомак, со кого сѐ уште донекаде се гордееше, и голем задник на кого не беше толку горд и кој му го заработи сегашниот прекар. (Lardass, дебело-газест; заб. на прев.)
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не беше толку во прашање некаква тапост на самиот универзитетски живот, колку тоа што, благодарение на сите тие алтернативни информации и сознанија за животот на социјалното дно кои вешто се инфилтрираа низ бршленовите огради, почнувавме да стекнуваме осет за останатиот џагорлив надворешен свет.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ликот му беше посветол, често се смееше, и на своја и на туѓа сметка, и секогаш беше толку полн со енергија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега веќе не се ни сеќаваше за што зборуваа, само знаеше дека поради некоја причина мораше да се наведнува и секој збор да му го шепоти на уво, иако музиката не беше толку гласна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Никогаш никому не му кажа дека овој копнеж по нешто што требало да го доживее, а не го доживеала, сè почесто ѝ доаѓаше колку што беше постара. Tоа и не беше некоја посебна тајна, но за неа беше толку интимна што не можеше да се присили да им ја каже дури ни на најблиските.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Редот беше толку бавен што губеше надеж... 3, 2... ништо!
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Бидејќи во градот ме сакаа и до мене дури допираа магловити сплетки за желбите на граѓаните да го овековечат мојот лик со поставување на споменик, господин Пешков не посака да си ја ризикува популарноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И јас си заминав откако стигнав да издадам уште три броја на списанието “Меч”, кое беше толку популарно, што неговите примероци може да се пронајдат дури и во јавните библиотеки. okno.mk 167 Стигнав во Петербург токму за Нова година.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
“Кога го извлече копјето мислев дека ќе ја извлече и мојата утроба и кога ме напушти вжарено треперев во Љубов божја.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Болката беше толку слатка што никој не би се лишил од неа.”
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сега беше толку ведар, така што речиси и не се чувствуваше себеси, исто како и да не постоеше, затскриен зад шпелите во таа цибрина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш порано, додека оној најгорешто ѝ се радуваше на својата нова должност и на сето, што го имаше од неа, тоа беше толку незгодно, што Змејко еден од тие денови за малку што не му пристапи на стариот да му рече да си биде мирен за тоа, дека кај него е сè во ред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше секоја таква работа, која беше толку далечна од зборовите, што се чинеше дека никогаш не може да се дознае, а сепак, тој ја знаеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше постојано свесен за брзината, со која што можеше да се случи сѐ, што требаше да се случи, сега, кога тој беше толку многу откриен на голината, пред она, што беше скриено тука, недалеку, од леските.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога изоде доста пат низ таа шума од огромни дрвја, што мируваа над него, целите бели и забиени со своите стебла во снежната земја и кога беше сигурен дека тука, пред него, во следната долка, се наоѓа најголемата млака, а дирата сето време досега, како стрела право го водеше кон таму, тој знаеше дека сега ќе мора да ја напушти широката патека, по која беше толку лесно да се чекори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Решеноста во неговиот писок беше толку тврда, што во неговиот глас се извиваше и прашањето дали тој сега воопшто би отстапил пред истрелот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше еден мазен црн одблесок по сите делови каде што беше бронирана и беше толку прецизно изработена, што на Змејка често му се случуваше да не може да си го оддели окото од неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Поеднипати тоа му беше толку просто, како Добро утро, а по некогаш, со онаа лутина во себе, тој честопати можеше да ги препрашува да пресудат тие по правина дали се вистински сине оние лутини во него, да му помогнат со тоа што ќе му покажат што треба да се стори, тие двајца луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој ги ловеше нив. Беа толку исти, што немаше што да одбира, додека ја бараше целта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа оние двајца тешко докрепуваа. Му го здогледуваше окото на вителот што ги поземаше, а беше толку беспомошен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега и не му беше толку тешко да ги слуша тие зборови. Го тераа да мисли на шегување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Та тие и двајцата беа толку премалени за сѐ друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше толку наеднаш, тоа застанување во долгата врвица над него, што тој можеше да го види само следниот миг, кога тие стоеја, наредени една зад друга, свртени со бедрата кон него, полни со оној црвеникав одблесок, а тоа личеше како кога ќе се улови само еден од оние ретки мигови во гранките на трепетликата во летно попладне, кога сите лисја се застојани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мечката знаеше дека не ќе може на мир да ја насити својата глад, која беше толку неиздржлива во неа, што дури беше ја скорнала и од нејзиниот тврд зимен сон, сѐ додека се двајца, сѐ додека тој стои тука. Едниот мораше да отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наеднаш тоа беше толку крајно безразлично. И толку просто, иако го изненади.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако не беше толку лошо, добрите резултати Виктор ќе ѝ ги соопштеше уште истата вечер.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите се прашуваа како и каде може да се сокрие некој кој беше толку маркантен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Трепетот во неа беше толку голем што пред да изговори длабоко воздивна наполнувајќи ги своите гради.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Токму заради тоа беше толку конфузно збркана и збунета.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нападите на Ѓорѓе и Анѓа беа толку ниски, ја претвораа во обична мивка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зарем беше толку слеп, не ѝ погледна во очи на Рада, не ја виде нејзината невиност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ќе беше и подобро да не беа толку обемни пролетните дождови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со која беше толку блиска и од која ги дозна сите поединости околу нејзиното посвојување и растење. Ѝ недостасуваше раме за солзи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие беа толку слаби за тежината на неговото тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Водата лазеше по земјата и само одвреме-навреме се излеваше налево, надесно, кружеше околу Огнот, но само за да не го угасне, а тој беше толку важен со своите портокалови јазици, во висина јакнеше и беше убеден дека Водата се плаши од него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Може, после, кога стигна писмото од неа, Јанческите ќе смогнеа сили да си ја вратат назад, па сега, на кутрата, гробот ќе ѝ се знаеше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тешко да не беа толку немилосрдни во осудата на Благуна, тешки да покажеа малку повеќе разум, трпеливост и љубов за ближниот па може мајка ѝ немаше да ја испратат да му се моли на Пенезиќ, па тој, лисецот, во безизлезната ситуација, да искористи да ја наведе да појде со него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто беше полуслеп и зашто беше толку остарен што не можеше да ги спопашка, дечиштата го тргаа за ресачката и го галатеа: Никола-серикола, врзи кучка за дирек; Никола удри, кучка сери, Никола бери!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Е, тоа со коњот, раката на срце, на сите жители на Потковицата, и на хирстијаните и на Турците, не им беше толку чудно, тие како што зборуваа, колку што им ги исполнуваше срцата со завист.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А во манастирот не ни беше толку лошо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А беше толку полна со деца, преполнета. Од едниот до другиот крај на рогузината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури и татко ѝ, во тоа време, не беше толку лош; а и мајка ѝ беше жива.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Арно ама, без оглед каде и за што се водеше разговор, кога ќе наближеше крајот, кога неизбежно ќе дојдеше часот за збогување, обично во претсобјето, низ полузатворената врата, тој уште еднаш ќе го провреше своето бледо лице со живи црни очи и на главата на семејството, која прашањето со страв го чекаше, ќе ѝ речеше, небаре се работи за нешто сосем споредно: „Туку, можеш ли да ми...?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И самата не знаеше како ѝ избегаа од устата тие пакосни зборови што беа толку блиску до клетва и прокоба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека се враќаше дома со камиончето пренатрупано со реквизити за јавни настапи, го гледаше одблесокот на пролетта врз палмите во Пасео де Грација и го потресе злокобна мисла за тоа каков би бил светот без Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Изгледаше како накиснато врапче во својот студентски капут и во пролетните сандали, и беше толку вознемирена поради непредвидената несреќа, што заборави да ги понесе клучевите од автомобилот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога зборуваше, зборовите му беа толку интересни, толку многу проткаени со вистинска страст, остроумни, промислени, страшно духовити, поразителни за противниците, вдахновени за пријателите, премногу добро умееше да зборува за сѐ што воопшто би можеле да помислите дека ќе...! А тој сепак ќе го стореше тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека пушеа, Марија ѝ се препушти на желбата да се довери некому и нејзиниот глас одѕвонуваше погласно од дождот и од тресењето на автобусот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој беше толку деконцентриран поради доцнењето на Марија, што не можеше да се сосредоточи дури ни на наједноставните трикови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш ќе дојдеше, ќе ја извадеше банкнотата од џеб, ќе ја измазнеше со движење кое покажуваше љубов и страдање истовремено, и ќе речеше: „Беше толку љубезен и ми помогна кога бев во невола, еве ти ги овие пет марки!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се загледа низ одајата, со погледот помина по сите познати предмети од кои еднаш неделно со години го бришеше правот, чудејќи се како можело пак да се нафати толку многу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше здрав како дрен, срцето одлично му функционираше и имаше сон како сито доенче кое со најмирна совест си спие до следниот оброк.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Долго и мачно ѝ врвеше времето на Ѓувезија Дубровска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
О, сите ли вие кутри зајаци, чиј живот беше толку беден, колку зрно афион вреден?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Редици црни скелети чекаат погрдни клевети, пред вратите преполни ги скокотка гладта на ѓаволовите усни вековни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мразев што толку се разликувам од сите. Што ли беше толку чудно во мене, а бодеше во нивните очи?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А беше толку горделив.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Зошто ли бев толку избезумена?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се потсетив дека вчера татко ми беше толку..., толку... тажен.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Идентификацијата беше толку силна што Дишан можеби не гледал голема разлика помеѓу сопствената „игрива физика” или „хипофизика” и Жариевата „патафизика”, и двете алтернативни хипотези за устројството на универзумот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Гледајте, 1910. 1911. и 1912. година кубизмот беше нешто ново; пристапот беше толку различен, се разликуваше од пристапот на претходните движења, и прилично ме привлекуваше.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А во Мажјачиштето, Маркел „беше толку абнормален, што можеше срцето да си го стопли само на студенилото на трупот”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога ние се појавивме на сцената, научната фантастика беше толку изнемоштена што ни беше мошне лесно да дојдеме на чело...
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Овој збор беше толку вкоренет во балканските јазици што ретко кој се прашуваше за неговото потекло, сметајќи го за автохтон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој чувствуваше дека можеше да ја зајакне материјалната состојба на семејството да не беше толку многу ангажиран во проектот со Татко којшто не ветуваше никакви дополнителни приходи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко си имаше многу маки да се справи со зборот милет, на турски millet, со потекло од арапски (millmillet) и со значење на народ, нација, религија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како и Мајка, така и госпоѓа Камилска, не му префрлуваше на својот сопруг, но за неа најбитно беше да го гледа крај себе и децата жив и здрав.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овие зборови не беа толку многу во оптек во новите времиња, но тие, сепак, остануваа незаобиколни, кога се сакаше што подлабоко да се проникне во тајните на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговите внатрешни солзи беа толку силни што за прв пат се излеаја по неговото лице.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
О, боже, не оти беше толку важно, но мораше некаде лошото да се истури.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој беше толку суров и во исто време лукав што не дозволуваше никакво мушнување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Попусто сите тие месеци беше толку примерен и вреден.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А сонцето беше толку силно и непопуштливо, никогаш толку долго не се задржувало во домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Примерен, благороден татко, се колнам, би можело да се рече дека тој не беше толку штура природа, така скроена од своето раѓање.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зборувајќи ја вистината, тој ден не беше толку лош и непријатен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А ако некоја имаше слични работи, тие и беа толку многу износени што веќе сигурно беа отворени на средината.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Најпосле, имаше толку часови кога тоа беше толку сеедно, проклет да бидам, толку сеедно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нејзината жештина беше толку голема, а во исто време и толку ниска, мала, толку гнасна, што не можеше тукутака, просто, едноставно да се погодува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не, навистина не беше толку луд другарот Анески, тој напросто совршено добро ја познаваше душата на нашето татенце Аритон Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ах, сигурно вие мислите дека тоа беше толку просто, едноставно, лесно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам сето тоа беше толку просто и убаво.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Томаица беше толку воодушевена и потресена од филмот што не беше во состојба да зборува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Грос сепак не беше толку (како што би се изразил литератот) симболичен. Сигурно не е.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но сега, Ве молам, пуштете ме да појдам, пак се нишам - бев толку уморен - на крилја ќе го минам патов - со мојот син меч од анемон - во попладневното струполување на светлината - во урнатините на југот - во облачјето што се распаѓа - распршување на челото - лутање на слепоочниците. Gottfried Benn, 1886-1956.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Така Словенија беше толку добро вклештена помеѓу исток и запад, што всушност до 1991 г. не ни постоеше.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Хиерархијата на вредности што на светот му ја наметна и ја одржуваше северозападниот дел на европскиот полуостров беше толку цврста, и подржувана од сили што биле толку моќни, што во текот на неколку векови станала основа на светската визија, а не нешто за што отворено се расправало.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Маргина 36 59 Болничкиот автомобил, така беше наредил, треба да се вози по патот навака-натака; беше заклучил дека му годи неговиот звук: беше толку далечен, беше тоа како некогаш, заминување во непознат град.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сега буквите беа раздвоени, така што смислата на натписот веќе не можеше да се одгатне, и тоа беше толку убаво, црвено-зелено, настана сјајна слика, тоа секогаш се случува само од себе, ништо не може да се додаде.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Настапуваше тивката летна квечерина. Се појавуваа првите ѕвезди над езерото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Абу Амар не можеше да го направи дефинитивниот исчекор од легендата - прифати Махмуд Дарвиш - кога реалноста беше толку многу видлива, опиплива, можеби решавачка!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше повеќе игра на посакуваните симболи отколку на текот на реалноста која не беше толку идилична колку што се посакуваше...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сетив на пораката на еден од Дарвишовите стихови, кој беше толку близок со мојата егзилска судбина: Ѕвездите се зборови кои блескаат... погледај ги, ќе ја прочиташ сета наша историја: овде се родивме меѓу огнот и водата - и ќе се родиме одново во облаците кај синиот брег...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Можеби тоа беше причината да се оддалечите од Арафат, посебно по мировните преговори во Осло кога се наѕира вистинските контури на слободна Палестина, крај државата Израел, кога гаранти за иднината беа Ицак Рабин и Шимон Перез, мироносците Нобеловци, многу повеќе отколку другите израелски водачи...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Настанот беше подготвен за историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Ивазе, друже, дали навистина беше толку итно! - Ќе видите сами!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Си мислев убаво девојче сум, сите тоа го знаеја, убаво се облекував, имав убава коса, ќе ја заплетев на две плетенки и ќе ги замотав околу темето, беше толку густа, небаре шубара да имав.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се сеќавам покрај нашата порта кога врвеа стадата големи, цело време ќе ги гледавме и им се восхитувавме на тие луѓе кои беа толку вредни, а особено на оние Каракачани.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога утрината одевме на река неколку пати седнавме да се одмориме, иако таа не беше толку далеку.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Шефот ми ја земаше само кога одеше да им покажува на другите единици да видат како треба оружјето да се одржува.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Цевката од кртешницата му беше толку загреана што куршумите сè поблиску удираа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бездруго имаше два часа откако заминав и слушав како Киро дава наредби: Другари, во мојот правец одете, имам толку муниција колку да стигнете до бригадата, па тие да отворат оган за да можам јас да отстапам и да се спасам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се почувствував виновна, се зачудив од самата себеси и покрај тоа што бев толку навредена од жената што ме турна, сепак им забранив повеќе да кршат ореви.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Честопати Цвета доаѓаше за да си играме. Понекогаш не бев толку редовна, но чувствував дека ако одам на гробот – полесно ќе ми биде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Пукањето не беше толку интензивно како порано, но не бев сигуирна на која страна да отстапувам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тоа беше закон за мене, но наместо да молчам, мене ми дојде нагон за смеење, не знам и сега да си објаснам зошто ми беше толку смешно.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мојата цевка секогаш беше толку светната што можеше на цевката да се огледаш, за чудо многу ме привлекуваше оружјето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сонцето почна да бега зад ритчето, а јас не знаев ни каде се моите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но, кога ги отворија раниците речиси беа полни со јатки, а лушпите ги изнапикале под еден примитивно направен кревет.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ѕвончињата под нозете беа толку густи што му беше неможно да не гази по нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Освен црвеното петно, раката беше толку побелена, што изгледаше како да е излеана од гипс.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кругот на маската сега веќе беше толку блиску што од него не можеше ништо повеќе да се види.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон ги крена рацете над глава, но со неспокојно чувство. Однесувањето на момчето беше толку крволочно што сето тоа не беше игра.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што му се допадна не беше толку неговата убавина, колку изгледот што му се чинеше дека го поседува, како да припаѓа на време сосем различно од сегашното.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон не погледна повторно во него, но вознемиреното лице слично на череп беше толку живо во неговата свест, како да му стои пред очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некои од пијаниците беа толку насилни што другите затвореници мораа да ги задржуваат силите за да ги смират.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Шминката врз нејзиното лице беше толку многу намачкана што изгледаше дека може да напукне како картонска маска.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа бедно изработен комплет. Картонската табла беше прекршена, а малечките дрвени фигури беа толку лошо направени што одвај стоеја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На него, со крупен неформиран ракопис беше напишано: „Те сакам“ Неколку секунди беше толку изненаден што не се сети да го фрли обвинувачкото ливче во дупката на сеќавањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Градниот кош беше тесен како на костур: нозете му беа толку тенки што колениците изгледаа пошироки од бутните коски.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мирисот што се креваше од чанчето беше толку силен и возбудлив, што го затворија прозорецот, за да не го почувствува некој однадвор па да стане љубопитен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дебелите обесени образи во долниот дел беа толку надуени што беше тешко да се поверува дека во нив нема мали магацини за храна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Непријателот не беше толку љубовта, колку еротиката, и во бракот и надвор од бракот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Образот ѝ беше толку блиску што речиси ја чувствуваше неговата топлина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговото олеснување кога ја виде беше толку големо што не можеше да се воздржи директно да не гледа во неа неколку секунди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стигна малку порано. Немаше никакви проблеми по патот, а девојката беше толку очигледно искусна што беше по малку исплашен отколку што би било нормално.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„За Неделата на омразата. Околу една четвртина од платата мораше да биде дадена за доброволни прилози, кои беа толку бројни што беше тешко да се запаметат сите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ема сакаше да изглуми дека не го слушна последното или дека за неа тоа не беше толку важно, но челото необично ѝ се избразди, а веднаш потоа се оптегна како излитен појас над нејзините крупни очи, додека по лицето и пролета израз на силна болка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За својата работа, приватната, надвор од професионалното (а тие беа толку многу испреплетени, што Деница не знаеше каде завршува едната, а од каде продолжува другата работа) таа не разговараше со никого.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа беше, во однос на другите, осамен и далечен остров и токму затоа за Ема тој остров беше толку близок и драг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јурак никогаш не беше толку многу нервозен како таа студена зимска вечер додека ја очекуваше Азра во мотелот “Бели ноќи”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Промената кај него беше толку длабока и суштинска, што и нему му требаше време за да се запознае, а бидејќи такво време немаше, се однесуваше како измрзнат туѓинец што тропа на усамена куќа за да се стопли.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пизмата ѝ беше толку видлива, како нечистотија врз кожата што нема намера да се измие ни со црево.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се сретнаа со нас и со твојата храброст и желбата за живот - комуникативен, љубопитен, живееше со полни гради, ништо не сакаше да пропуштиш, а беше толку болен.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сега ми беше толку сеедно, не се грижев што ќе помислат другите за мене, ниту пак имав желба да привлечам нечие внимание.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А ти, со твојот немирен дух, дегустираше вина, се интересираше за многу работи, разговараше со вработените во винариите, им наоѓаше замерки, ги фалеше нивните вина…, сè по ред, ти којшто беше толку интелегентен, начитан и имаше познавања од многу области.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Останавме два дена. Сѐ беше толку чудно и тивко во нашата убава викендичка.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сѐ беше толку убаво, немам зборови за да ги опишам тие моменти кои останаа врежани во мојата душа засекогаш и на кои со носталгија ќе се сеќавам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Марија се понадева дека секретарката, бидејќи беше толку млада, ќе ја сфати и ќе ѝ помогне да влезе кај претседателот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, тоа за неа и не беше толку важно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Неговите одговори беа толку слични, што веќе и самиот лекар, чувствуваше Елена, се нервираше при секое нејзино јавување.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
По неколкуте неуспешни обиди да поведе разговор со Марија, на Елена ѝ беше толку тешко, што немаше желба да разговара со лекарот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На прашањата на адвокатот, околу материјалната состојба на Марија, и кога ги даваше податоците за раѓањето и возраста на синот, на Хелвиг му беше толку мачно, што му се чинеше дека не може да вдише воздух.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Двете сестри беа толку збунети, што не можеа природно да се однесуваат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа беше толку бесна, што тој не се осмелуваше да ѝ каже како дојде до тоа, поштарот писмото да му го даде в раце токму нему.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ние бевме толку збунети... Но не плачеше...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Желбата да има дете, во неа беше толку голема, што не сакаше да верува дека тоа нема да се случи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И навистина, за Марша работите во животот беа толку едноставни.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сѐ што правеше Дукле за да ослаби, не помагаше; Кала како да се гордееше што беше толку дебела, што беше реткост, исклучок во селото; при исфрлувања на секое кило од себе, се плашеше да не тргне надолу, па да не знае што да ѝ направи на кожата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Детето од Кала кое можеше само со царски рез да се извади, беше толку крупно, што се чинеше дека ќе заоди; дури на предната вилица како да имаше и запче, зашто кога ќе цицаше касаше и кала офкаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Само што Анѓа не беше толку очајна како Сирма, зашто имаше три деца, та се надеваше белким некое од нив ќе најде живо ако се врати.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ѝ беше толку мил и драг што не можеше да си го замисли својот живот без него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И тука, како и на Црна, паднаа доста Турци, но бројот беше толку голем – над 500 – та бунтовниците со сите жители од Старавина се повлекоа во старата римска тврдина Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ме повика една девојка и ми понуди сценарио... и мене насловот навистина ми се допадна и ја повикав да дојде и да ни го донесе, но беше толку валкан што бев убеден дека таа работи за полицијата...“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дури и онаа Шнап не беше толку лоша.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој беше толку длабок во својата генијалност што гледаше напред, беше свесен за моќните промени што ќе се случат по неговиот живот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го прегледав набрзина и беше толку валкано што бев убеден дека таа работи за полицијата и дека тие се обидуваат да ни подметнат нешто.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Роберт Кенеди беше убиен, но јас бев толку изгубен што воопшто не ми паѓаше на памет дека тоа е второ убиство на Кенедиеви - мислев дека тоа е така кога ќе умреш, тие убаво ќе ти ги пуштат сите работи кои ти се случиле во животот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На атмосферата во собата бев толку осетлив што понекогаш едвај нешто ќе прозборев.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сѐ повеќе време поминувавме во Макс, што беше нормално, затоа што беше толку близу и затоа што Мики и понатаму ни даваше на кредит.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
—Заливската војна беше толку несфатлива затоа што сѐ беше поместено.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мислам, мене лудаците секогаш ме воодушевуваа затоа што беа толку креативни - тие едноставно не знаеја да направат ништо нормално.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ах, господи... Знаеш ли, денес си го спомнив моето малечко, - како би играл тој со овие топки, - а Аљоша беше толку одвратен, толку страшен!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тие беа толку среќни!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Гласот беше толку писклив што сите се обрнаа назад да видат кое е тој што се осмели на сретсело да ги нарече чорбаџиите глодачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште пред да дојдат на „Гошово“ Доста поотежна, но бидејќи домашните работи и работите по градините и царевките не беа толку зорт, Митра не можеше да ја сети на кој ред е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Иако сега не и беше толку ќефот, ќе се прави бубаќарка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По облеката Доста не беше толку за гледање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Успеваше да извлече, од верувањата, од себе, чудесна внатрешна светлина која ни беше толку драгоцена во темнината на егзилот, во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И сега ѝ беше повеќе од јасно дека беше редот на Мајка да ја дооткрие својата „грчка врска”, делот од нејзи­ниот живот којшто не му беше толку многу познат на Татко... XVIII Таму каде што обично Татко, во налетите на балкан­ската историја, соочен со постојаната потрага по страте­гијата на спасот на семејството, гледаше опасност, неизвес­ност, решение во бегство, Мајка гледаше можност за поми­ру­вање, излез, спас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Успеваше да извлече, од верувањата, од себе, чудесна внатрешна светлина која ни беше толку драгоцена во животот”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но на Балканот, границите, во нејзиниот животен век, беа толку променливи што најчесто не можеше и самата лесно да си утврди каде започнуваа и каде завршуваа туѓината и родната земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ете, затоа Татко беше толку длабоко внесен во потрагата на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Цветан Горски, во тие тешки и неизвесни времиња, се прашуваше: дали душата на Игора Лозински беше толку голема, силна и страдана, видовита, што тивко зајде - токму пред новата можна средба со сталинизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Операцијата не беше толку успешна. Ја донесоа во Корча, кај најстарата ќерка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мајка сега сакаше да разбере зошто за Татко беше толку значајно да опстане патот на јагулите: дали заради нивното следење на патот кон Америка, или дали за нашето враќање преку границата во родната куќа, крај Езерото?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сето тоа беше толку близу, во длабокиве езерски води, а толку далеку, недостижно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
По неколку дена болката беше толку длабока што тој воопшто не можеше да застане на неа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но Дејв го заплашуваа и го правеа несреќен стиховите кои на Ренди очигледно му беа толку блиски - нивниот дух, празен и темен како ноќ, кон кој Ренди вибрираше со толкава наклоност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но кога тој почна да ги каса посетителите и во Стокхолм организаторите беа толку шокирани што самите повикаа полиција!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Како и пред тоа, дрвцето беше толку извишено и разгрането - што железничарот Круме не можеше 36 okno.mk ни да помисли да го пренесе од едниот на другиот крај на градот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сенката од стеблакот беше толку мала, што одвај му ја погодуваше зоврената глава.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Маестро, објасни му на Денко за плодовите - доаѓаше до него гласот на Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ваквите настојувања беа толку присутни, и беа толку грдо поттикнувани токму од луѓето од кои Јана зависеше!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Влакното што го поврзуваше животот и смртта, негде внатре, во искрвавените гради на Раде, беше толку тенко, што во потполност ја потврдуваше дијагнозата на познавачот на шепотењата на смртта Иво од Шилиговец.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во тие денови на младоста, кога смртта беше толку далеку, времето не беше време, а староста беше само оддалечен ехо од некоја спилја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Светот застана. Тишината беше толку неизмерна и неверојатна, како да ви ги наполниле ушите или како да сте го загубиле сетилото на слухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дали и ние како деца бевме толку ужасни?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во собата каде што лежеше болната Зорица пердињата беа толку дебели, што тоа залудно се обидуваше да продре преку нив.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Завршуваа часовите, а тој беше толку чист, што скоро никому не му се веруваше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во градината беше толку тивко, сите цвеќиња спиеја.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Јас им бев толку многу благодарен на книгите, на библиотеките, на писателите на такви книги, на поклониците и организаторите на јавните библиотеки.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој имеше подготвено марамче кое очајнички го зграпчив.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Убаво е, а, Фердинанд?”, ме прашуваше вујко Едуар секогаш кога минувавме пред неа за да одиме во кујната.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сакав да бидам писател.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не бев толку занесен од боксот колку од самиот меч, со сите оние детали кои беа врзани околу него.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мирисот и вкусот беа толку одбивни што одвај го провлеков низ усните.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ах! Да не бев толку зафатен...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никогаш не сум видел толкава!... Го зафаќаше целиот ѕид...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пеце беше толку лут – не знаеше што да прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но сите одбија да влезат внатре, зашто во градината околу куќата беше толку убаво и свежо, што никому не му се влегуваше во затворена соба.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тоа беше толку јасно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислам оти сите го почитуваа. Само снаата на Дукови, којзнае од кои причини, измисли за него многу срамна работа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тој беше толку голем. Како оние мазни камења што ги фрлал Крале Марко од Исарот преку Брегалница.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа и оној нејзин Ролан толку бил збунет и нерешителен па трчал од едната до другата за да им ги бакнува рацете.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ако не бев толку често присутна во неговите празни утра одамна можеше да се случи Ролан да го напушти дуќанот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секоја друга претпоставка би била чиста глупост.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Веројатно ја доживува таа своја работа како најголем пораз, после она наше заедничко пораженије во Русија“, му го истураше некому својот горчлив гнев или очај татко ти, а јас се обидував да го смирам: „Добро, Семјон, секој е должен да заработи за леб.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби ќе си заминеше по патот на неговите желби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа Родна и беше толку загрижена, си помислив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше толку праведен, толку чесен, а отиде да прикажува една бесрамна лага.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Логички, не можев да објаснам, зошто јас, виенски студент, најперспективен адвокат во градот, бев толку возбуден од средбата со младиот часовничар, човек далечен на мојот свет.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Не беше толку млад колку ми се чинеше отпрвин.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тоа растење, избивање, лесно како сон,но скоро болно, беше толку силно, што не можев повеќе да гледам.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Таа беше толку нестварна. Не го допираше подот со нозете.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ми се допаѓаше идејата што неговите филмови можеа да се резимираат преку насловот или со еден кадар, како Јадење, Спиење, Бакнеж и.т.н.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како филозофи­јата или науката, и литературата не е просто една меѓу институциите; таа едновре­ме­но е и институција и анти- институција, на растојание од институцијата, на полето на аголот што институцијата го затвора со него самиот за да се оддалечи од самата себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа заслужи процент од вкупниот доход за книгата што Енди едноставно одби да го земе предвид.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не прашувајте ме каква, бидејќи за тоа во оваа прилика не би зборувал, а, впрочем, тоа непрекинато се обидувам да го направам на друго место, во речиси сите свои текстови. 4Зошто литературата за вас беше толку значајна? 4Она што мене ме интересираше (но зошто ми сугерирате да зборувам во минато време?) беше чинот на пишувањето, или, претпочитам, бидејќи во целина и не станува збор за чинот, искуството на пишувањето: да се остави трага која се одрекува, која дури можеби и е наменета на одрекување од сегашноста на okno.mk | Margina #11-12 [1994] 33 своето изворно запишу­ва­ње, од својот “автор”, да се изразиме така фалично.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ворхоловите ко-автори, тие не беа толку чираци на големиот волшебник колку вистински алхемичари кои успеаја да ја синтетизираат нефатливата аура на Ворхол во литературен стил што ќе беше од огромен значај и во случај Ворхол никогаш да не фатеше сликарска четка во својата рака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бевме презафатени со пакувањето на Елвис и Лиз Тејлор за изложбата во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За нив имав слушано многу пред да ги видам и морам да признам дека ни одблизу не беа толку забавни колку што беа самите разговори за нив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова беше летото кога претседателот Кенеди стоеше покрај берлинскиот ѕид и говореше: „Јас сум Берлинец“, и ова лето беше последно пред бомбардирањето на Виетнам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вистина, Били Нејм направи нешто повеќе од само печатар­ ските корекции (вклучувајќи ја и новелата “а”), но Хакет и Коласело заслужуваат многу поголемо признание за нивната работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш, една ноќ наиде олуја и, кога дојдов следното утро, Елвисите беа толку уништени што морав да направам нови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
” Тој одговори, “Не знам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како ќе научам да живеам без тебе и додека градот спие некои други ќе љубиме, а во душата пак сами ќе останеме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зошто беше толку тешко да ти кажам “Те сакам”.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сѐ беше толку едноставно добро, подносливо, нормално, здраво, извор на спокој и мир каде и невремето на животот се покорува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Те чекав на крајот од сонот, беше толку блиску до мене, го допирав твоето лице, на глас го изговарав твоето име, ти го чувствуваше мојот копнеж да те претворам во совршенство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Пред златниот олтар клекнав на колена, се помолив, барав прошка и простив.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
-„Колку може да биде скапа надежта на двајца млади луѓе?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога му пристапија сините униформи и му ги одврзаа рацете тој веднаш почна да се оправдува: „Добро, признавам, им го дадов огнот, но тоа беше толку одамна! Делото е застарено!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Готова бев да се карам и да почнам да викам дека јас не ја згазнав мачката, туку дека таа прво ме гризна, па што сака нека е со мене и со Дино и со киријата и со станот, но во тој миг влета Дино со шпиритус и со завои и ме фати за рака да седнеме на каучот да ми помогне да ја исчистам раната.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја погледнав втренчено мајка ми и прекорно изустив без глас „десет? не може!“ а таа се обиде да застане на моја страна, исто поради тоа што незгодно ќе беше толку време да им се тупнувам на луѓето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се чувствував прејадено и сонливо, но се надевав дека ако се концентрирам можеби ќе ми олесни тежината што почна да се претвора во далечна, тапа болка. Но, ништо не се случи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Имаше големи, румени образи и млечнобел тен, а брчки скоро и да немаше, затоа што лицето ѝ беше толку растегнато од дебелината, што личеше на мазна тркалезна погача.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Главното јадење повторно се состоеше од гигантската заклана кокошка, но овојпат со гарнир од превкусни печени компири.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас го бев фатила сирењето со една рака, а со другата го држев лебот, подготвена да ги однесам во кујната и да им го барам местото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Имате нешто... тука, - покажа Французинката со прст накај нејзината уста и концентрирано го погледна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Легнав на подот и се обидов да направам неколку стомачни - но притисокот во стомакот ми беше толку голем, што при секое исправување од подот ми се заматуваше во главата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Толку бев збунет што се најдов во ваква нова средина, што дури во тој момент ми текна дека моето не толку далечно семејство е нешто невообичаено, дека дури и мајка ми и баба ми, кои дури двапати годишно ги чистеа ѕидовите од станот, не беа толку чисти, уредни и вознемирени околу чистотата на куќата како што беше тетка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Еднаш начу таков муабет во ходникот и толку се вознемири што беше безобразен со професорот по физика, свежо-оженетото прчле со голема брада, кое доаѓаше за време на одморот за да дискутираат за секции, задачи и часови, а патем и да си ги јадат заедно сендвичите со марула или туна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој беше потежок за возење и не беше толку интересен, затоа што требаше да се затрчаш, да туркаш со едната нога и потоа тој малку ќе повозеше, ама не многу далеку.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За последен пат добро се препотив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога отвори, Ѓорѓија беше толку збунет што само се насмевна и како папагал го изрецитира текстот што го беше вежбал претходно: ѝ рече дека тој е соседот отспротива, дека испекол колачи и дека сакал да ѝ ги даде да ги проба, ете, како на нова сосетка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Реши дека треба да изгледа како младолик, страстен, енергичен, чувствителен и образован маж, па воведе реформи и во својот изглед, и во однесувањето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, тогаш попусто се обидував да извршам нужда - бев толку напнат дека пријателот ќе влезе во соба во тој момент или пак брзо откако ќе завршам, па ќе ја почувствува смрдеата како излегува од под вратата - што никако не можев да се опуштам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ете, што беше толку страшно? - се поднасмеа мајка му на Дино со масните усни и ги зари забите во едно парче копан, при што гушката благо ѝ се подзатресе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бидето и шолјата беа толку чисти што несомнено некој ќе можеше да се напие вода од нив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се радував на ова - но веќе почнуваше да ми станува страв што ќе се случи со мене и дали некогаш ќе можам да отидам во тоалет, па поради тоа почнав по малку да се потам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ау! Нема потреба. И онака тетин ти си спие таму.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се смрзнав во место, исплашен да не скршам или да не уништам нешто, а потоа ги собув чевлите и смрдливите нозе ми пропаднаа во белиот килим, кој беше толку чист што моите чорапи сигурно го навредија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Прелевањето беше толку бавно, толку спокојно и толку елегантно, што изгледаше просто нестварно, и како, ако ништо друго, да ќе запре во секој миг.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сепак, очите и искривената уста ѝ беа толку страшни што Кристина веднаш се повлече и во тоалетот останавме само јас и тетка Олга, која продолжи да ги цеди крпите во кофата и да цимоли.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Танцот беше толку убав, толку понеслив, неповратлив, толку пијан и безизлезлив од срцата на тие што танцуваа, што никому не би му удрила в глава помислата да рече – стоп!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Па и не беше толку за никаде... иако, мислам, стереотипно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Па и не беше толку лошо: директорката Веселинка кратко и јасно кажа она што е пригодно да се каже за Денот на пролетта, хорот убаво пееше, и убаво свиревме, и нижите одделенија убаво изиграа - Пролетна сказна - значи, во ваков студен, дождлив мартовски ден сами си ја создадовме пролетта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Беа толку занесени што не забележаа дека пристигна еден жолт автомобил и од него излегоа еден маж и една жена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Веќе неколку дена, радиото и телевизијата не имформираат дека тешки инциденти се случуваат на границата на Македонија и на Косово.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во една друга пригода ќе ви раскажам за тоа, но најсилен впечаток ми направи враќањето од Поградец кон границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Портретот што го направи за него Антоан Перо беше толку очевиден што би немало потреба да се раскажува, за човек со толку исклучителни интелектуални способности кои одат заедно со сосем исклучителната морална и физичка храброст.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Секое минување на границата може да се раскаже како посебно поглавје дека таа беше толку силно задржана во нас... На обете страни...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
О, колку бевте во право со вашето тврдење дека темпоралниот и просторниот облик на дистанца, каква што можеше да се има во чудесната Прованса, беше толку драгоцена за да се допре дното на својата изгубена земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И не можев да го гледам така затворен во себе, со засрамено спуштен поглед, со навреден израз на лицето, молчалив и потиштен... и не можев пак да разберам зошто даскалиците Марија и Софија не се вратија од Костур и зошто новиот даскал беше толку многу строг.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Уста пред него, се разбира, не се отвораше, а ако се изговараше нешто на грчки, тоа беше толку лошо искажано, што и самиот даскал од тоа ништо не можеше да разбери.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ми раскажуваа, се разбира не таа која беше толку кротка и скромна жена, дека била најубава девојка во селото во која се заагледувале многу момчиња, но таа се загледала само во еден, мојот татко.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Месечината пак небото беше толку посебна таа вечер, придружувана од сјајните треперливи звезди.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но јас упорно се залепив до неа и бев толку досадна што на крај таа ми кажа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Од 1960 г. кога Поп Арт- от прв пат се појави во Њујорк, овдешната уметничка сцена беше толку во тој фазон, што дури и тврдоглавите европјани мораа да признаат дека сме дел од светската култура.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
После некое време го џвакав и другото парче и устата ми беше толку здрвена што веќе не чувствував ниту горчина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во извесна смисла, нашата среќа беше толку голема што не бевме во состојба да ја поднесуваме.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Си сугерирав мотиви за издржливост при помислата дека мојата жртва беше толку епизодна и безначајна, при помислата дека во оваа земја се жртвувала среќата на милиони градители, се жртвувале многу нивни животи, се остварило едно од најмасовните жртвувања на Балканот, според волјата на идеолошкиот Бог.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Никако да се догледаме, а бевме толку блиску.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беа толку измешани што често фаталноста се нудеше како единствен излез.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Далтон погледна низ прозорот во некој меѓупростор во Калифорнија каде што имаше треви високи до половина, полски цвеќиња и дури и ноќе чувство на премногу сонце.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Тажно е,“ започнав да ти кажувам, сакајќи да речам дека ми беше жал што стигнавме до оваа состојба кога заедно седиме во тишина, но пред да можам да продолжам, ти приговори.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Иако уште 1980-та, во песната со наслов „што ќе биде со уморниот патник...“, запиша: „Во кој од разните градови ќе умрам?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во Женева, кадешто доживеав откровение, не на Калвин, се разбира, туку на Вергилиј и Тацит?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Добро ли се снаоѓаш?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Да беше посвесен, шокот ќе го убиеше.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не сакав така да седам во тишина; сакав возбудено да разговараме цела ноќ како што правевме порано, сакав да најдам некој начин што не ќе звучи патетично да ти кажам колку убаво си поминував со тебе, колку ми значеше нашето познанство и како одеднаш сфатив дека бев толку сконцентриран на тоа да станеме љубовници што заборавив колку блиски бевме како пријатели.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
“Супер, тогаш ќе сме можеле да правиме mènage à trois.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Т. Корагесан Бојл (Coraghesan Boyle) е роден 1948-та во Пикскил (Peekskill) во државата Њујорк.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не беше толку тешко, нели?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Жал ми е.“ „Бреда, те молам, сослушај. Бевме толку блиски.“ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 161
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Запознаваш луѓе?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа беше толку блиску, еден добар бран можел да ја донесе веднаш до нас.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
” “Како ти оди?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За личност која беше толку срамежлива, толку на дистанца и далеку од сѐ лично, ова физичко покажување на топлина и блискост претставуваше претерување, или можеби премолчено простување, но јас тоа во тој момент не го знаев. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 210 Иако уште 1980-та, во песната со наслов “што ќе биде со уморниот патник...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Да“, рече таа, „бевме блиски“, и јас се сетив на првата ноќ во нејзиниот стан, момчето во меур и облеката од провидна фолија, се сетив на целиот зашеметувачки спектакл на нашата врска кога го слушнав нејзиниот глас како удар на чекан на рефренот „но не толку блиски“. превод: Г. Н. Ом
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес повеќе пати рекол дека животот за него претставува товар и дека на смртта гледа како на добродојдено ослободување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Тој беше толку пијан што не почувствува ништо,“ велеше Далтон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сакав да го знаеш сето ова. Сакав повторно да ти се допаѓам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Одвратно! Како можеше да речеш такво нешто?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие беа толку занесени во играњето што не ме ни забележаа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бодици беа што би се рекло како утре и сè беше толку бозбудливо така што јасно и засебетено паметам на доживувачки начин неколку работи кои го обележуваа славењето на Водици таа година.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Среќа што беше толку смрзнато па не можевме да се извалкаме. 13.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Јоле наш не ќе беше толку интересен за прикаскава ако еден ден не му се случеше ова што му се случи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На старите не им беше толку дали ќе фи слушаме или не.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Што е? – прашуваа Французите по француски. Што е? Братучедите го разбраа прашањето, но беа толку занемени што не можеа да се сетат на ниеден мајчин збор.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Соборот беше толку голем што го посетуваа праматари дури од Костур и Битола.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Французот беше толку зафатен со панталоните што кога беше готов, задоволно си ја стави раката на стомакот и дури тогаш ја крена главата и ги здогледа двајцата бугарски војници.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нивните погледи натаму беа толку желни што повеќе намамуваа да се појави нешто на повидок така што и низ двогледот предметите ги губеа своите облици станувајќи неодредлива измама.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Луѓе сме, - рече и тргна напред оставајќи им го во ушите на братучедите влшкиот изговор што беше толку изразит.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ристосија, Ица, по војната, особено откако дозна дека таткото (Дракчето) го заробиле Грците и некаде во солунското го погубиле врзувајќи го за некој џип и влечкајќи го по некоја солунска турска калдрма, имаше среќа да се реши да се омажи за Најдо Пашалески кому жената му почина и кога затоа што беше толку добар човек сите го сожалија и му помогнаа за жена да ја зеде Ица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо беше толку возбуден од тоа што себеси се најде во телефонската книга на Сан Диего и задоволен со тоа што најде блок каков што несвесно барал можеби сиве овие години откако не пишува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Абре, од мене можеби ќе станеше нешто да не бев толку лифен по жени.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа сеќавање беше толку неодредено што, макар колку да се трудеше, остана несигурен дека човекот со костумот воопшто имал куферче во раката или нешто друго на што тој не можеше да се сети, да го опредмети.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така и почна тоа на островот Егина. Во Атина беше толку жешко што кога Едо ќе ја ставеше дланката на бетонскиот столб во нејзиниот стан, ќе почувствуваше гореа како од вжештен оџак.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пандо имаше направено и други записи како Рецепти за лозјето, Купени работи што пак треба да се купат за да знам колку од што да купам и слични, но тие беа толку технички што авторот не го интересираа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Паца, очигледно, беше толку соживеана со својот шеф и неговата несреќна судбина што неговиот непријател беше исто толку емоционално и нејзин непријател.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Патем, сѐ ни беше толку многу погодено така што отидовме уште во една кафеана и таму испивме уште по две чоканчиња од тој ликерот зелен после што бевме навистина пијани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо беше толку пријатно изненаден и уште повеќе збунет што не знаеше што да рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот беше толку изненаден што не можеше да поверува и како да прави нешто што не треба, погледна в лево и в десно по улицата, чиниш исплашен некој да не го види.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дојките и задникот и беа толку нададени и впечатливи што ти се присторува дека секој час ќе попушти илои некое копче на палтото или патентот на суќната.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо беше толку убаво, мило и секогаш насмеано дете што тетките и девојките од комшиите не можеа да се воздржат да не му ја помилуваат косата, да не го прегрнуваат, да не го истегаат и да не го избацат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во екот на таквата негова активност, го поканија да учествува на една меѓународна конференција посветена на еколошката иднина на Балканот во Солун каде што неговото полусериозно и полудуховно искажување, за него неочекувано беше толку забележано што истата вечер локалната телевизија го покани да учествува на еден ТВ панел.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Малечката Пелагија беше толку многу полна со впечатоци од училиштето и зборовите на Перса не се помешаа со вкусното јадење, и додека тие двете сѐ уште јадеа, таа си ја побара платнената торба и почна да буричка по тетратките и книгите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мислиш мојата болка не беше толку голема колку и оние што ги растргнуваа вашите гради?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Што беше толку силно што не можеше да го совлада со неколку факултети и со шест светски јазици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Да беше толку умен не ќе беше врзан, му велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше толку убава што да нема ништо за фрлање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сè ми беше толку интересно и привлечно што, секако, изгледаше невистинито.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не беше толку паметен колку што мислев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој беше толку ладен кон неа па речиси воопшто не ѝ правеше муабет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Легнав вечерта да спијам, се превртував и бев толку вознемирена што никако не можев да заспијам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Целата таа помината недела бев толку болна што мислам си ги искашлував белите дробови, делче по делче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Неговиот страв од обврски беше толку нараснал, што дури не сакаше да биде присутен ни кога јас ќе дојдам да се иселам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Знаев дека тоа со клучот му беше филм како и сè останато во неговиот свет, во кој се беше толку невистинито што ни самиот веќе не можеше да препознае дали можеби од целата таа каша што ја направил може да извлече нешто вистинско.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сѐ беше толку добро инсценирано, како на филм. Како некој динамичен стереотип од приказна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Претпоставувам дека беше толку изгорен од жените, па се познаваше зошто му врие крвта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Немаше толку грубо да ме откачиш, а јас бев толку добар со тебе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За жал, беше толку ситен што ми се губеше под вилицата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А пак централизацијата беше толку голема што и за најситните работи требаше да се бара одобрување од ЦК во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, размерите што ги беше зела ВМРО со дејноста на својот легален и нелегален апарат беа толку големи што ЦК, да беше составен дури од професионални револуционери, пак не можеше да одговори на созреаните потреби за пропагандата, агитацијата, подготовките, обуката, камоли пак да раководи со револуционерните дејствија во цела Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но лицето му беше толку мирно, а очите влажни и топли.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Беше толку малечко, убавко, црвенко, а тажно. - Многу ми е жал за него! - рече Јанка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не му беше толку до рибата, колку што се плашеше од бабата која секој ден го дочекуваше со зборовите: „Пак ли се враќаш со празна торба, старо аро?“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Маврово, со нашата куќа среде ливадата, опкружена со густа шума, со потокот што тече крај куќата, со срните што нѝ доаѓаат во близина, со ѕвезденото небо што ноќе слегува толку ниско што ти се чини дека можеш да набереш грстови сјајни ѕвезди, сето тоа изгледаше како вистински рај наспроти пеколот во Скопје.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Немој да се каеш – ме „откри” тој – секој има потреба во извесни моменти да си олесни со тоа што некому ќе му се исповеда.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Баба ми Санда беше со нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Каде беше толку долго? – ме праша брат ми, несвикнат да ме гледа да се враќам сама од шумата. - Во Гоа! – му одговорив кусо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Фармерките што ги имам, дури и оние што си ги купив лани во Париз, а беа толку убави и модерни тогаш, сега веќе ми се стеснети и скусени.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тоа време уште не ми беше толку близок како што ми е сега, за да можам да му признаам дека ме мачи грозна љубомора и дека зависта ми ја труе душата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Како да не го споменувам кога тие беа толку далеку и толку долго без нас и шетаа, и уживаа, а брат ми и јас седевме дома, па барем да бевме сами, ама не бевме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Игбал, дали сè уште мислиш дека не сум лошо девојче? – го прашав, по малку каејќи се што бев толку искрена пред него и сè му израскажав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не се ни обиде да ме потпрашува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Жештината во градот беше толку тешко залегната што понекогаш ми се чинеше дека џиновска бетонска плоча има над него наместо небо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што е најважно, веќе не можам да ги гледам, толку ми е преку глава од нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)