бев (гл.) - топло (прил.)

Летото започна рано. Уште на 11 мај веќе беше топло, а на Петрови пости и сам Петровден горештината фати на големо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ВО ЈАНУАРИ, беше топло во Париз. Ретко среќавав луѓе во зимски палта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа беше топло од сонцето, и прилично тешко од животот што беше во него, топло и зацрвенето месо под мазната коричка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пролетното сонце беше топло и тоа ја натера девојката да остане таму и да гледа како двајцата браќа работат на ѕидот од нејзината идна куќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во сопчето беше топло, пријатно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Внатре беше топло, а разгорениот оган, пламенот што трепереше во огништето како во некоја игра фрлаше светлина по ѕидовите, а сенките играа создавајќи весела слика, ширејќи пријатност и топлина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше топло летно претпладне, некаде околу 11 часот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Животот во Битола си течеше нормално, времето беше топло, летото беше на прагот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Симона го немаше пладнето, а беше топло, омарнина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Некаде далеку угоре по долината, кога неговата разоденост беше престорена во една свикнатост, од која му беше топло и пријатно во секое делче од неговото тело тој, сосема мирно, продолжувајќи без тешкотии да се пробива, почна еден обичен, тих разговор со оној свој самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одминаа понатаму. Дишеа ретка пареа. Беше топло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Насекаде наоколу беше топло, а тој прошепна - Доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во собичката му беше топло и јамакот шумеше на печката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше топло иако лилавиот превез на залезот ги покриваше полека старите куќи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неделата попладне беше топло и пастор Рик намина, во кратки панталони, мајца без ракави, безбол капа и влечки, да го види Дејв.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Надвор расцутените дрвја прекрасно мирисаа, имаше многу бубачки во травата, и беше топло, а мене необично многу ми студеше. Сиот треперев.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Цел ден со нешто бевме зафатени, што се вели, нешто работевме, бевме растрчани, раздвижени, беше топло.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А мене не ми е до смеа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Станав, колку да ја соблечам јакната - ми беше топло - ранчето го ставив на седиштето и тоа се случи за миг.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Така беше кога прв пат одев на есенска прошетка во Сарај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)